Економскиот успех на Малта е доказ дека и малите земји можат да бидат успешни
Објавено на од во Економија

 

Malta WEB 978За многумина економскиот успех на Малта е економско чудо. Од 1960-тите години наваму, до кога Малта била само база на британската армија, земјата доживува одржлив економски раст што резултира со подобрена материјална благосостојба и, воопшто, со подобрување на целокупниот квалитет на живот. Земјата успеа да се развие од она што во суштина беше воена база во стабилна економија, и покрај тешките ограничувања во нејзините ресурси.

 

Малта, малата островска земја во Средоземното море со помалку од 420 илјади жители, за неколку десетици години успеа да се трансформираше во една од најпросперитетните економии во Европа.

До средината на шеесетите години Малта била под британско владеење, а најголем дел од економијата се базирала на обезбедување услуги на британската армија која била стационирана таму. По напуштањето на Британците, новата независна држава морала да ја гради економијата практично од нула.

На почетокот, развојот на економијата се базирала на трудоинтензивни сектори, како туризам и индустрија. Флексибилната, и во тоа време евтина работна сила, привлече бројни инвеститори. Но, две децении подоцна, во текот на 80-тите години од минатиот век, кога дојде до раст на платите, Малта се свртела кон секторите со висока додадена вредност, како електроника и инженеринг, што беше основа за подоцнежниот развој на економијата базирана на знаење.

Од 1960-тите години Малта доживува одржлив економски раст што резултирал со подобрена материјална благосостојба и, воопшто, со подобрување на целокупниот квалитет на живот. Земјата успеа да се развие од она што во суштина беше воена база во стабилна економија, и покрај тешките ограничувања во нејзините ресурси. Некои ја опишуваат Малта како економско чудо.
Работодавците ги припишуваат овие достигнувања на силното чувство на претприемништво и создавање работни места, синдикатите тврдат дека успехот се должи на напорната работа и на флексибилна работна сила. Граѓанското општество смета дека успехот се должи на кохезивното општество и позитивни вредности. Некои сметаат дека успехот се должи на членството во ЕУ и инвестирањето во инфраструктурата.
Во текот на изминативе години, Малта прерасна од земја на емигранти во земја во која емигрантите почнуваат се враќаат и во која што населението расте поради прилив на луѓе од надвор.
Малта нема природни ресурси и се соочува со ограничено снабдување со свежа вода. Земјата произведува само околу 20% од храната која ја троши. Економијата зависи од човечките ресурси и надворешната трговија.

Најважните сектори на денешната економија на Малта се финансиските услуги, здравствените услуги, туризмот, образованието, поморските услуги, развојот на игри, електроника и креативната индустрија. Други важни сектори се фармација, информатичка технологија и телефонски центри.

Малтешка економија се состои главно од многу мали претпријатија. Дури 95% од компаниите имаат до десет вработени, а има само неколку големи компании, како на пример, производителот на чипови ST Microelectronics или производителот на играчки Playmobil.

Членството во Европската унија (ЕУ) и еврозоната го зајакнаа услужниот сектор, а извозот на услуги во земјите на ЕУ денес е главниот двигател на економскиот раст во Малта.

Malta WEB 978 grafikЕвропските кохезивни фондови кои Малта ги користела откако станала членка многу помогнале за целосната трансформација на општеството. Во периодот од 2004 до 2012 година над 1 милијарда евра од европските фондови се слеале во Малта. Само инвестициите во човечки капитал за овој десетгодишен период изнесувале 237 милиони евра.
Ниска стапка на невработеност

Важноста на традиционалните сектори, како што се земјоделството или производството, се намалува во последниве години, а на нивно место доаѓаат ИКТ индустријата, развојот на игри, фармацевтската индустрија и финансиските услуги кои сега сочинуваат околу 15% од БДП. Но, најсилниот столб на малтешка економија останува туризмот, кој создава околу 25% од БДП.

Малта во моментот како приоритет за понатамошниот развој на економијата ги гледа образованието и здравјето. Околу 70.000 странски студенти секоја година посетуваат курсеви по англиски јазик во Малта. Многу странски инвеститори инвестираат во Малта во образовните институции, а отворена е приватна болница и приватен медицински факултет кој се отворени за студенти од целиот свет.

Невработеноста е многу ниска и во 2017 година изнесувала 3,9%. Работната сила брои повеќе од 200.000 луѓе, од вкупниот број на жители кој изнесува околу 416 илјади.
Но, во последниве години се соочуваат со недостиг од работници и се обидуваат да привлечат странски работници преку разни мерки, како што е поволниот даночен третман. Заради овие поволности, приливот на странски работници во изминативе години продолжува да ја зголемува понудата на работна сила.
Пред членството во ЕУ, приливот на работници од странство се сметал како закана на општеството, а не како предуслов за економски раст.

Во земјата во која во минатото имаше протекционистички менталитет и размислување,кои беа во насока да се ограничи приливот на странски работници, денес токму овие работници, без оглед дали се граѓани од ЕУ или
државјани на трети земји, се сметаат за неопходни за одржување на економскиот раст, заради што и властите прифатија многу поотворена политика за прием на странски работници.
Дури 18% од работната сила во 2017 година ја сочинувале работници од странство.

Умерен јавен долг

Малта има многу силен економски раст, БДП во 2015 гоина порасна за 7%, во 2017 година растот беше 6,6%, додека проценките се дека 2018 година малтешката економија ќе расте со стапка од 5,1%.
Малта има БДП по глава на жител во паритетот на куповната моќ од 38.580 долари. За споредба, македонскиот БДП по глава на жител во паритет на куповната моќ изнесува 12.580 долари.
Малта е една од најбрзорастечките економии во Европа, со рекордно ниска невработеност, умерен раст на платите и суфицит во буџетот и тековната сметка.
Растот најмногу се потпира на растот на приватниот сектор, растот на извозот и растот на приватната потрошувачка.. Малта е нето извозник, односно повеќе извезува отколку што увезува, заради што нето извозот има голем ефект врз економскиот раст.
За 2017 година суфицитот во буџетот изнесувал 3,9% од БДП, а задолженоста на државата 50,8% од БДП, со проценка таа да се намали на 43,4% во 2019 година.
И покрај актуелната економска состојба во Европа, Малта продолжува да ужива во повисокиот просечен раст на БДП, благодарејќи главно на владините инвестиции во индустријата и услужниот сектор и директните странски инвестиции. Земјата и натаму има стабилно макроекономско опкружување со ниска стапка на невработеност и владиниот дефицит и долгот се под контрола.

Членството во ЕУ како главен двигател на развојот

Малта стана членка на Европската унија во 2004 година , а во 2008 година го усвои еврото и стана членка и на еврозоната. Референдумот во Малта за влез во ЕУ кој се одржал во 2003 година бил еден од референдумите со најтесен резултат, со 53,6% и 46,4% против, но и со највисока излезност од 91%. Процентот на луѓе кои сметале дека везот во ЕУ плаќање на многу висока цена бил прилично голем. Но, досегашниот развој на Малта покажува дека придобивките од членството во ЕУ биле многу големи за целото општество.Малта пред влезот во ЕУ спроведувала политики на постепена економска либерализација и приватизација, преземајќи низа чекори со кои трговските и финансиските политики се ослободиле од зависноста од директна владина интервенција и контрола на режимите кои овозможиле поголема улога за пазарните механизми.

Во однос на индустријата, стратегијата на Малта вклучувала поддршка на операторите во операциите за реструктуирање и помош да го интернационализираат својот бизнис, истовремено привлекувајќи странски инвеститори во извозни активности со висока додадена вредност.
Малта идентификувала седум стратешки приоритети за својот иден економски развој: напредно производство, креативни индустрии, финансиски услуги, меѓународни образовни услуги, туризам, транспорт и напредна логистика, односно индустрии кои нудат висока додадена вредност по вработен.

Малта формално аплицираше за членство во ЕУ во 1990година, но процесот во почетокот се одвивал многу бавно, пред се заради тоа што земјата не била технички подготвена, но имало и многу членки во ЕУ кои се двоумеле дали на така мала земја како Малта треба да и се даде толкава моќ да седи на иста маса со сите големи европски сили.
Јавниот сектор бил оптоварен со превработеност, со многу државни монополи и култура на неконтролирано државно субвенционирање. Индустријата и земјоделскиот сектор во најголем дел беа заштитени си разни давачки од конкуренција. Малтешката лира, исто така, била заштитена со строги контроли за разменување и тргување.
Но, 10 години од членството во ЕУ, економијата на Малта била целосно трансформирана. За тоа во голем дел помогнале и европските кохезивни фондови.
Податоците покажуваат дека во периодот од 2004 до 2012 година над 1 милијарда евра од европските фондови се слеале во Малта. Само инвестициите во човечки капитал за овој десетгодишен период изнесувале 237 милиони евра.
Од денешен аспект, сите се согласуваат дека зачленувањето во ЕУ било главната мотивација за да се забрзаат потребните реформи во економијата, кои често знаат да бидат многу болни на краток рок, но на долг носат корист за сите. Државните пари се трошеле многу поефикасно, буџетскиот дефицит бил намален, секторите биле либерализирани, што довело до поевтини и поквалитетни производи и услуги од што корист имале сите граѓани и бизниси.


Малта сака да биде центар за крипто бизнисите

Malta WEB 978 01Либерализацијата на економијата на Малта и донесе невиден раст на финансиските услуги. Како земја-членка на ЕУ, Малта го усвои европското законодавство во однос на финансиските услуги и оданочување, но успеа да биде иновативна во својот пристап во регулацијата и вешто да ја искористи дозволената маргина во однос на имплементацијата на тие закони. Успеа да изгради прилично робусно, но и многу почитувано регулаторно тело Malta Financial Services Authority и успеа да го избегне статусот на Кипар, како место за лукративни услуги. За само четири години од членството земјата направи низа реформи за воведување за влез во еврозоната и воведувањето на еврото и донесе дополнителна стабилност и кредибилитет, но и намалување на трошоците за водење бизнис во Малта.
Тоа и донесе многу брз раст на финансиските услуги. Уделот на финансиските услуги во 2004 година изнесуваше 3%, а за период од 10 години тоа се зголеми на 12% од БДП.
Властите во Малта имаат план да ја направат земјата во Блокчеин остров или центар на вниманието за крипто компаниите и за таа цел направи низа измени на инвестиционите политики со цел тие да станат попријателски кон новите трендови во финансиските слуги. Во време кога земјите од целиот свет изразуваат амбивалентност во врска со крипто валутите, Малта создава правила кои треба да им овозможат на оние кои сакаат да тргуваат со криптовалути сигурност за иднината.
Двете најголеми криптоберзи во светот веќе имаат имаат присуство во Малта, а планираат овој медитерански остров да биде нивна главна база за сите операции.
На почетокот на годината, владата на Малта го објави својот план за формирање на владино тело, наречено Malta Digital Innovation Authority, кое ќе издава лиценци за крипто бизнисите.
Но, она што е важно, законските измени кои ги направи се во интерес на заштитата на трговците и пошироката јавност, заради што се целосно усогласени со регулативите за спречување на перење пари и поблиско запознавање со стандардите на клиентите, како и признавањето на важноста на иновациите и континуираниот развој на блокчеин екосистем.
Малта сака да привлече многу крипто стартапи од целиот свет и да ја искористи крипто револуцијата за да го поттикне својот економски раст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×