Економските планови во костец со последиците од пандемијата
Објавено на од во АНАЛИЗА

Glavna fotka иПредизвици за новата Влада

Формирањето нова Влада несомнено ќе биде еден од главните предизвици во земјава по одржувањето на парламентарните избори, но новиот владин состав ќе се соочи и со сериозен предизвик како да ги оствари зацртаните цели во услови на пандемија со коронавирусот за кој се уште нема ниту терапија или вакцина и остава негативни последици врз економијата. Мандатарот за составување Влада, партијата СДСМ која и последните три години ја предводеше земјата, во својата изборна програма најави план за справување со негативните ефекти од корона кризата од повеќе мерки. Оваа партија која што освои најмногу мандати за пратеници во Собранието, 46, се обврза во својот мандат, откако ќе заврши корона кризата, да ја забрза економијата со раст до 4% годишно, да ги зголеми платите, пензиите, инвестициската активност.
Мандатарот за составување нова Влада освен предизвикот да обезбеди парламентарно мнозинство, несомнено уште веднаш ќе се соочи со уште поголем предизвик а тоа е како да ги оствари зацртаните цели во услови на пандемија со коронавирусот за кој се уште нема ниту терапија или вакцина и остава негативни последици врз економијата. Партијата СДСМ која што освои најмногу мандати за пратеници во Собранието, 46, и која и последните три години ја предводеше земјата, во својата изборна програма најави план за справување со негативните ефекти од корона кризата, составен од повеќе мерки.
По завршувањето на пандемијата, оваа партија се обврзува во својот мандат да ја забрза економијата со раст до 4% годишно, да ги зголеми платите, пензиите, инвестициската активност.
„Нашата цел не е да бидеме само успешни менаџери во криза, туку брзо да ја пребродиме и да се вратиме на патот на растот и развојот, на спроведување на вистинските политики, за што пократко време. Очекуваме веќе во 2021 година, нашата економија, со целосен капацитет да генерира високи и одржливи стапки на раст преку продолжување на здравите и проверени политики, со човечки капитал и трансформација на нашата економија. Сегашната криза покажа дека можеме да бидеме отпорни, приспособливи, флексибилни и да изградиме национален капацитет и систем за функционална и растечка економија“, пишува во изборната програма на СДСМ.
Изборната програма на СДСМ за периодот 2020 – 2024 година е поставена на шест столбови и тоа: Рестарт на македонската економија; Стоп Ковид – 19; Грижа за сите; Ред, дисциплина и правда; Екодржава; и НАТО и ЕУ.
Во воведниот дел на програмата, претседателот на партијата, Зоран Заев, вели дека „ова е понуда која обезбедува план за успешно справување со ефектите од корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, ова се мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина“.
Во првиот столб посветен на клучните економски цели, СДСМ се осврнува на некои од своите достигнувања последните три години, па ги истакнува растот на бруто домашниот производ (БДП) од 3,6% лани, отворањето на над 60.000 работни места последните две години, зголемувањето на просечната плата на 27.200 денари како и зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари.
„Оваа голема економска промена беше возможна и поради повисокиот износ на домашни и странски инвестиции. Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година“, пишува во програмата на СДСМ осврнувајќи се на сработеното.
Потоа, владејачката партија наведува дека пандемијата со коронавирусот која наметна строги мерки на ограничувања за да се запре ширењето на заразата оставила силни последици врз економијата, па ги набројува и сите мерки што ги донесе Владата за да го амортизира ударот.
По завршувањето на кризата со коронавирусот, оваа партија ветува зголемување на минималната плата за 40% со што би достигнала до 20.000 денари и на просечната плата во земјата за 30% на ниво од 34.000 денари.
Паралелно со платите, оваа партија најавува дека рамномерно ќе растат и пензиите со што минималната пензија би се зголемила за 21% до крајот на мандатот.
За внатре1 иДаночни реформи
Влез на странски директни инвестиции од една милијарда евра во текот на целиот мандат, и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции од страна на државата.
„Значително ќе го зајакнеме капацитетот за реализација на јавните инвестиции. Капиталните инвестиции ќе бидат генератор на јавната инвестициона потрошувачка за да се фокусираме целосно на огромниот потенцијал на домашната потрошувачка и инвестиции“, пишува во програмата.
Во делот на даночната политика, СДСМ најавува дека данокот на добивка ќе остане на истото ниво од 10%, а оние компании што ќе ја реинвестираат добивката следната година, ќе бидат ослободени од овој данок. Персоналниот данок на доход исто така 10%, освен за вработените во ИТ индустријата каде што се планира да биде 0%, меѓутоа, повторно се зборува за воведување на прогресивното оданочување.
„Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална јавна дебата и преговори, со фокус на реконструкција на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз“, пишува во програмата.
Во делот на ДДВ, се најавува намалување на стапката кај одредени сектори како ресторани и занаетчии.
„Го стабилизиравме редовниот поврат на ДДВ и прекинавме со лошите пракси од минатото на дискриминација и притисоци при поврат или при плаќање на обврските на државата. Продолжуваме со оваа добра практика“, се обврзува СДСМ.
Потоа следуваат низа мерки за приватните фирми, како поддршка од 600 милиони евра за инвестиции и намалување на парафискалните давачки за 75%.
Во делот на социјалната политика, оваа партија најавува зголемување на опфатот на социјалната помош од 26.000 на 34.000 домаќинства и детски додаток за околу 65.000 деца. За студентите, СДСМ ветува дека ќе ги реновира сите студентски домови по примерот на домот „Гоце Делчев“.
Последниот столб во оваа програма е посветен на НАТО и ЕУ. Партијата ветува дека во својот мандат ќе отвори дури 80% од сите поглавја од преговорите за членство во ЕУ и пристап до европски фондови од 2,5 милијарди евра.
Во прогнозите доминира песимизам
Во отсуство на ефикасна терапија или вакцина, а при налет на голем втор бран на ширење на коронавирусот во многу земји во светот порано од очекуваното, меѓународните финансиски институции станаа уште поголеми песимисти за движењето на економијата годинава.
Меѓународниот монетарен фонд, штотуку се премисли, и од првичната прогноза за рецесија на светската економија од -3%, сега проценува пад на економијата од дури -4,9% годинава, но закрепнување со раст од 5,4% догодина. За Европа, прогнозите се уште попесимистички и одат до рецесија од -8,7%.
Народната банка иако се уште не ги конкретизира своите попесимистички очекувања во бројки, ги истакна своите стравувања во врска со движењето на македонската економија. Во последното соопштение од централната банка објаснуваат дека минималниот раст на економијата од само 0,2% во првиот квартал бил под нивните првични очекувања, а ризиците за остатокот од годината сега се уште поизразени. Засега, проекцијата останува рецесија со пад на БДП од -3,5%.
Од останатите меѓународни финансиски институции, процените се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.
„Ризиците во поглед на проекциите се изразено надолни, а неизвесноста е понагласена од кога било досега. Главниот надолен ризик се однесува на евентуалното подолго времетраење на пандемијата, појавата на втор бран на инфекцијата и повторното затегнување на мерките за спречување на ширењето на вирусот“, се вели во извештајот на НБМ.
Како останати негативни ризици се наведуваат можноста за прераснување на глобалната здравствена и економска криза во финансиска, можноста за подолготрајно нарушување на довербата на економските субјекти за потрошувачка и инвестиции, можното забавување на глобалните синџири на снабдување, повторната ескалација на трговските тензии меѓу земјите, подолготрајното намалување на цените на примарните производи, како и појавата на социјални немири во одредени региони во светот.
А единствената позитивна работа што може да се случи, е да се најде вакцина, и пандемијата да заврши порано.
„Од друга страна, можноста за завршување на пандемијата порано од очекуваното, како резултат на побрзото пронаоѓање на вакцина против коронавирусот, претставува единствен позитивен ризик за глобалниот економски раст“, велат од НБМ.
Неизвесност што ја носи корона – кризата
Во однос на економските движења во еврозоната, како наш најголем трговски партнер, во првиот квартал на 2020 година беше остварен годишен пад на БДП од 3,1%, а квартален од 3,6%, наспроти годишниот раст од 1% во претходниот квартал.
Првичните податоци за пазарот на труд во еврозоната, пак, упатуваат на неповолни поместувања, бидејќи стапката на невработеност во април се зголеми на 7,3%. На редовниот состанок во јуни, ЕЦБ уште повеќе ја олабави монетарна политика, со цел да се придонесе за подобрување на условите за финансирање на реалната економија.
Гледано низ призмата на македонската економија, проекциите за странската ефективна побарувачка се ревидирани надолу. Најновите проекции за примарните производи на светските берзи и натаму упатуваат на пад на нивните цени.
„Растот на економската активност значително забави во првиот квартал на 2020 година и изнесуваше 0,2% на годишна основа, наспроти растот од 3,4% во претходниот квартал. Остварувањата се послаби и од очекуваната динамика на раст за првото тримесечје согласно со априлските проекции. Случувањата поврзани со новата вирусна инфекција во глобални рамки и нејзиното ширење во домашната економија, како и мерките коишто беа преземени за спречување на нејзиното ширење, во текот на март, доведоа до влошување на деловната активност, што е видливо кај поголем дел од економските дејности. Тоа се одрази и врз довербата и очекувањата на фирмите, поради што изостана очекуваниот раст кај бруто инвестициите, а нивниот мал пад во најголем дел придонесува за послабата домашна побарувачка. Кризата го забави и растот на личната потрошувачка во првиот квартал“, се вели во месечната информација на централната банка.
За вториот квартал, нашите монетарни власти велат дека се очекуваат натамошни понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економијата. Изразено се продлабочува падот на индустриското производство, како и на прометот во трговијата.
И натаму има и голема неизвесност околу идното движење на светските цени на примарните производи, поврзано со времетраењето на пандемијата.
„Од расположливите податоци веќе се согледува позначително негативно влијание врз домашната економија од ширењето на вирусот КОВИД-19, во согласност со очекувањата дека негативните ефекти ќе бидат најсилни во април, со постепено закрепнување во преостанатиот дел од вториот квартал“, се вели во извештајот.
Од Народна банка информираат дека во април вкупните депозити се задржале на речиси исто ниво како и во претходниот месец. Притоа, штедните влогови на домаќинствата имале месечен раст, а малку паднале депозитите на фирмите. Она што и се очекуваше, во април се зголемиле штедните влогови што се чуваат во странска валута, а имало умерен пад на депозитите во денари.
Кога станува збор за кредитирањето, пак, во април вкупните кредити на приватниот сектор се зголемиле за само 0,2%, и притоа пораснало кредитирањето на фирмите, а се намалиле заемите на домаќинствата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×