Ексклузивна акција на градежната компанија „Бортас“ – 7 недели, 7% попуст
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Градежната компанија „Бортас“ денеска почнува промотивна акција за мали станови во Riverview Residence, една од најубавите згради на новата атрактивна скопска локација Криви Дол, со цел на своите купувачи да им помогне полесно да дојдат до нов дом и да почнат нова приказна.
gif slikaЕдинствено во следните 7 недели (11.09 – 30.10.2019) „Бортас“ нуди 7% попуст на мали станови со квадратура од 30 до 50 м2. Со оваа акција секој поединец што сака да почне самостоен живот има можност за избор на стан со функционален распоред и квалитетна градба по промотивна цена од 990 до 1090 евра за m2. Во целиот процес на купопродажба тимот на „Бортас“ нуди и помош при избор на соодветен станбен кредит согласно потребите на секој клиент и поддршка во целиот процес на апликација.
Објектот Riverview Residence се наоѓа покрај кејот на реката Вардар, во непосредна близина на Градскиот парк, изолиран од метеж и опкружен со зеленило, a на само 3 км од центарот на градот. Објектот е изграден според најновите стандарди за модерно и урбано живеење и нуди одлични услови за здрав живот и рекреација. Изградбата на објектот е со висококвaлитетни материјали и опрема, термичка и звучна изолација, енергетска ефикасност од А-класа со индивидуален систем на греење и вграден клима-уред во секој стан.
Една од главните придобивки на локацијата на Riverview Residence е тоа што е во непосредната близина на Градскиот парк, што овозможува мирна и опуштена атмосфера, чист воздух и отворен простор за уживање во секој дел од денот.
Објектот Riverview Residence е најновиот проект на градежната фирма „Бортас“, која има 29-годишна традиција и искуство во изведба на станбени објекти наменети за пазарот на недвижности.
За подетални информации за акцијата „7 недели, 7% попуст”, посетете ја веб-страницата bortas.com.mk или контактирајте го тимот на „Бортас“ на телефонскиот број +389 2 32 27 625.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×