Ексклузивно: „Капитал“ hands-on рецензија на Samsung Galaxy S6 Edge
Објавено на од во hi-tech & business
Додека авионите со рекорден број нарачани Galaxy S6 и S6 Edge ги доставуваат новите флегшипи на Samsung низ светот – на GSMarena како датум на излегување на смартфоните стои 10 април – „Капитал“ успеа да направи ексклузивна „hands-on“ рецензија на понапредниот S6 модел- оној со додавката Edge

Изгледот на смартфонот што ги гали очите, ги потврдува очекувањата и кога ќе го земете в рака – изработката е совршена, до најситниот детал; материјалите на куќиштето се (конечно) премиум, како што и прилега за уред во кој е вградена водечката технологија од категоријата. Споменавме „конечно“, зашто корејскиот гигант досега беше принуден да ги трпи критиките дека дури и врвните машини од Galaxy серијата ги пакува евтино, во пластика, која, до душа, ја естетизираше со обработка на површината.

Galaxy S6 Edge доаѓа со метално куќиште (како и „обичната“ „Ес-шестка“) и со заштитното стакло Corning Gorilla Glass 4 на предната, но, и на задната страна на уредот. Ергономијата според нашиот впечаток е совршена – димензиите се зголемени до максимумот после кој не би било едноставно со смартфонот да се ракува со една рака. Ако ве загрижува новоста – закривениот дел од екранот, лесно се пристапува (со палецот) до апликациите/опциите прилагодени за него.

Телефонот е многу полесен и потенок од што може да се претпостави со оглед на испакнатиот екран – велиме испакнат, зашто екранот е свиткан спуштајќи се и на рабовите на уредот. Кога сме кај екранот, нашиот впечаток е дека се работи за најдобриот досега виден – подобар дури и од оној на Galaxy Note 4. Голем е 5,1 инч, располага со раскошни 1440 x 2560 пиксели (со густина ~577 ppi) во дисплеј технологијата Super AMOLED.

За тоа што има во внатрешноста на S6 Edge не мораше да гледаме во  спецификациите што ги наведува производителот. Нашиот впечаток е дека се работи за најбрзиот Android телефон – движењето низ менијата е перфектно флуидно – времето за подигање и на „најтешките“ апликации не се чувствува. Како и не би било така, кога оперативниот систем во верзијата 5.0.2 Lollipop, го „врти“ 64-битен Octa-core процесор (quad 2.1GHz и quad 1.5GHz) на 3GB RAM.

Главната (задната) камера не заостанува зад највисокиот стандард поставен со споменатите компоненти. Располага со 16 MP (2988 x 5312 пиксели), оптичка стабилизација на сликата, автоматски HDR (High-dynamic-range), … видео записи снима со максимална резолуција од 2160p и 30 „фрејма“ во секунда. Автоматски HDR има и предната камера со резолуција од 5MP.

Samsung Galaxy S6 Edge, како и основниот S6 модел, сѐ уште се во фаза на pre-order. Доколку размислувате за нов смартфон, нашата препорака без дилеми ја добива S6 Edge, меѓу флегшипите на најреномираните производители промовирани периодов (HTC One M9 беше претставен буквално истиот ден).

Благодарност до Дарко Димитров кој ни го отстапи Samsung Galaxy S6 Edge за рецензија

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×