Ексклузивно од Конференцијата на НБРМ во Охрид: Facebook и Google наскоро ќе јадат од банкарскиот колач
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Банкарска сметка и смартфон наскоро ќе биде се’ што ви треба за да платите сметка, или пак производ или услуга што сте ги купиле онлајн, според новите регулативи што во ЕУ почнуваат да важат од 2018 година, а Македонија подготвува закон што треба сферата на плаќањата да ја прилагоди со европската пракса.

IMG_20170706_110558Исто така, според новата PSD2 европска регулатива, банките нема да бидат повеќе единствени провајдери на платежни услуги, туку тоа ќе може да го прават и трети страни, односно компании од т. н. fintech сектор, технолошки компании, односно социјални мрежи како Facebook, Google, итн., и сите останати играчи на пазарот заинтересирани за дел од колачот во бизнисот со платежни услуги. Овие новитети, меѓу другото, беа промовирани на 10-та Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура што деновиве се одржува во Охрид во организација на Народната банка на Македонија.

На Конференцијата истакнаа дека во сферата на плаќањата ќе се поместат силите на пазарот, банките ќе мора да одговорат на новите предизвици и новата конкуренција, а исто така и картичните гиганти како Visa и Mastercard, ќе загубат дел од профитот затоа што во некои домени на платежните трансакции ќе бидат практично заобиколени.

„Сите овие промени ги правиме за да ја зголемиме конкуренцијата и иновативноста во финансискиот сектор, се’ со крајна цел поквалитетни и поевтини услуги за корисниците”, рече Ралф Јакоб од Европската комисија, еден од говорниците на Конференцијата.

„Секако, сите овие промени не одат без контроверзии и тешкотии, затоа што банките ќе треба со новите играчи на пазарот да ги споделат информациите за банкарските сметки на своите клиенти и да отворат простор за конкуренција, што отвора предизвици, не само од аспект на загрозување на нивната профитабилност, туку и безбедноста и други фактори. Затоа, овие промени допрва отвораат можности за развивачите на софтвери за безбедност, оперативни системи за мобилни уреди, итн. “, рече Јакоб.

Околу новитетите во финансиската индустрија и останатите теми на Конференцијата на НБРМ повеќе ќе може да прочитате во магазинот Капитал наскоро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×