Ексклузивно претставување на Tikveš Chateaux & Domainеs на најголемиот саем за вино ProWein 2019
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Покрај учеството во заедничкото претставување на македонските вина во организација на здружението „Вина од Македонија“, вината од премиум линиите на „Тиквеш“ се претставија и самостојно на посебен штанд.
FOTO_Tikves_ProWeine 2019Винарската визба „Тиквеш“ се претстави на најголемиот светски саем за вино – „Провајн“ (ProWein 2019), кој по 25-ти пат годинава се одржува во Дизелдорф, Германија, од 17-ти до 19-ти март.
„На овој штанд за првпат беше претставена новата бренд-платформа Tikveš Chateaux & Domainеs, што e дел од стратегијата за издвојување и промоција на премиум винските линии на „Тиквеш“. Во оваа прилика, повеќе од 60 илјади посетители на најголемиот светски саем за вино „Провајн“ имаа можност да ги пробаат премиум вината од домените „Бела Вода“, „Барово“ и „Лепово“, како и ексклузивна можност да се запознаат и да ги вкусат вината произведени во француската винарница Château de Gourdon, која од неодамна е дел од „Тиквеш“, велат од Тиквеш.
Дополнително, премиум вината на Tikveš Chateaux & Domainеs беа дел и од специјалната сесија за дегустација и доделување на медалите освоени на годинешниот престижен вински натпревар „Мундус вини“, на кој златни медали освоија црвеното вино „Бела Вода 2016“, белото вино „Барово 2018“ и „Домен Лепово Розе“ од бербата во 2018-та, кое наскоро ќе биде претставено и на македонскиот пазар. На истиот натпревар сребрени медали освоија вината: „Барово“ (црвено), берба 2016, и „Домен Лепово Шардоне“ (бело), од бербата во 2018-та.
„Провајн“ е најголем саем за вино и жестоки пијалаци во светот. Оваа година на него се претставуваат над 6800 прозводители од целиот светот, а се очекува во трите денови саемот да го посетат над 60.000 посетители.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×