Експертите објавија: Мнозинството работници се најпродуктивни на почетокот на денoт!
Објавено на од во lifestyle

Продуктивноста е индивидуална работа – стратегијата за завршување на работните задачи во одредено време за едни е успешна, за други е пропаст. Сепак, научниците велат дека постои универзален „ударен час“ кој е биолошки одреден, кога е најдобро да ги работиме одговорните задачи, пренесува српски Bizlife.

Според анкетата на порталот MojPosao, 47% од испитаниците најпродуктивни се на почетокот на работниот ден. Во средината на денот најпродуктивни се 28%, а пред крајот на работниот ден, само 9%. Постојат и тие кои најдобро ги извршуваат задачите кога се сами, тоа се оние кои најмногу работат пред да дојдат колегите на работа или кога сите ќе си заминат. Вакви работници се 15%.

Сем Карпентер во својата книга „Work the System” го опишува периодот од денот кога се има најмногу енергија. Заклучокот е – сите сме различни. Постои и една друга книга „The Productivity Project” која се базира на година дена експериментирање за различните стратегии за подобра продуктивност.

neproduktivnost„Најпродуктивните нѐ управуваат добро само  со своето време, туку добро ја расподелуваат и својата енергија и внимание. Треба да го реорганизирате својот ден така што кога ќе имате најмногу енергија да имате предвид дека тогаш работите попаменто место понапорно“, пишува во книгата.

Со цел да го најде биолошкото „ударно“ време, авторот на оваа книга ги исфрлил кофеинот и алкохолот од употреба, јадел минимум шеќер, и се будел без аларм. Секој ден во текот на три недели, го прател нивото на енергија на секој изминат час. На крајот на експериментот, открил дека најударното време за работа е помеѓу 10 часот наутро и на пладне, како и попладне меѓу 17 и 20 часот. Кога го дознал тоа, почнал да го менува својот ден, така што работел на најзначајните задачи во текот на тие часови. Кога сакал да ја зголеми енергијата, работел на задачи што помалку бараат, а ја зголемувал енергијата и со шолја зелен чај.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×