Експертите предупредуваат на најголемите закани за човештвото од вештачката интелигенција
Објавено на од во Teхнологија

AI-artikel-foto WEB 957Повик за дејствување до сите влади низ светот

Експерти од организацијата на Илон Маск, OpenAI, од Институтот за безбедност на човештвото на Оксфорд, од Центарот за проучување на егзистенцијалните ризици на Кембриџ, изработиле извештај што ги опишува можните застрашувачки последици од развојот на вештачката интелигенција во следните десет години

 

Новиот извештај на 26 водечки светски експерти предупредува на некои од најголемите закани што ги претставува за човештвото употребата на вештачката интелигенција

Експертите во извештајот предупредуваат дека иднината на светот е загрозена поради употребата на вештачката интелигенција (AI – Artificial intelligence) и повикуваат на поголеми напори за да се спречат поголемите можни закани. Извештајот на експертите го носи името „Злонамерна употреба на вештачката интелигенција: Предвидувања, превенција и ублажување“ (The Malicious Use of Artificial Intelligence: Forecasting, Prevention, and Mitigation).

„Употребата на AI им дава моќ и на криминалците и на терористите“

Извештајот ги опишува можните застрашувачки последици од развојот на вештачката интелигенција во следните десет години: „Физичките напади, како и тие во дигиталните светови, би можеле драстично да ја загрозат безбедноста на човештвото“, предупредуваат експертите, „и луѓето мораат да соработуваат ако сакаат да ја зачуваат безбедноста во светот“.

„Употребата на вештачката интелигенција им дава моќ на сите видови луѓе, вклучувајќи ги криминалците и терористите. Ако истражувачите, политичарите и експертите не соработуваат, оваа закана би можела да загрози некои од најосновните темели на нашите животи“, стои во извештајот.

„Би можеле да создаваат целосно уверливи, но целосно лажни снимки“

„Нападите би можело да бидат изведени со дронови, а роботите би можеле да бидат користени за манипулација со медиумите и изборите. Многу напади би можело да бидат извршени на начини што е тешко да се замислат, на пример со алати за синтеза на говор и технологија за видео снимки, со кои на луѓето може да им бидат пуштани целосно уверливи, но целосно лажни снимки“, се предупредува во извештајот.

„За да се бориме против овие закани, бројот на луѓето кои ја истражуваат и ја проучуваат вештачката интелигенција мора значително да биде зголемен“, наведуваат експертите од организацијата на Илон Маск, OpenAI, Институтот за безбедност на човештвото на Оксфорд (Future of Humanity Institute), Центарот за проучување на егзистенцијалните ризици на Кембриџ (Centre for the Study of Existential Risk).

„Ризиците се реални“

Извршниот директор на последниот – Центарот при Кембриџ, изјави: „Вештачката интелигенција го менува нашиот начин на живот, и овој извештај предвидува како светот би можело да изгледа за пет до десет години. Живееме во свет што може да стане преполн со секојдневни ризици од неправилна употреба на вештачката интелигенција, и мораме да ги земеме работите во свои раце, бидејќи ризиците се реални“.

„Некои одлуки мораме да ги донесеме веднаш, и нашиот извештај е повик за дејствување упатен до сите влади, институции и поединци низ светот“.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×