Експертите за човечки ресурси советуваат
Објавено на од во луѓе и компании

908 - HR WEBРазвивајте го средниот и вишиот менаџмент за да не пропаднете

Токму во неуспехот на сопственикот на бизнисот да ги развива своите вработени, е  и причината што подоцна не гледа соодветни луѓе на кои што може да им префрли дел од задачите.

 

Мој близок пријател неодамна имаше убав повод за честење: добил унапредување во компанијата каде што работи веќе десетина години, односно станал директор на еден од клучните сектори. Компанијата е од информатичкиот сектор, една од најстарите од тој тип во земјава, а нејзиниот основач и сопственик, а воедно и генерален менаџер, на неколку врвни позиции досега има поставено луѓе кои што се подолго време во фирмата, односно се покажале како способни и лојални вработени. Според кажувањата на пријателов, неговиот “газда“ има практика околу себе да ги собере за најблиски соработници токму луѓето што се развивале и “пораснале“ во компанијата. Компанијата е речиси 20 години активна на пазарот, последниве години се рашири со своите услуги  и во околните земји, па нејзиниот сопственик почнал да чувствува дека растот на фирмата веќе ги надраснал неговите капацитети за раководење. Затоа и поголем дел од суштинските процеси во фирмата почнал да ги делегира на своите најблиски соработници, па со тек на време, се формирале менаџерските позиции за продажба, финансии, маркетинг, логистика и останатите.

Со истите тешкотии, или предизвик да се управува  фирмата која ги надраснува капацитетите на основачот/сопственикот/главниот менаџер се соочуваат уште многу македонски компании, сигурно едно 90% од оние со кои што досега Капитал комуницирал.

Компаниите создадени уште во социјалистичкиот систем имаа свои оддели за човечки ресурси, во тоа време обично нарекувани “кадрово одделение“, кои што главно беа задолжени за пријавување и одјавување работници, плати, награди, казни… Поголемите социјалистички компании што се приватизираа продолжија со практиката управувањето со човечките ресурси да го сведат на овие помалку или повеќе административни работи. С$ додека кај некои од нив не дојде странски капитал  и со себе донесе *know-how за процесите на менаџмент, меѓу кои и за менаџирањето со вработените.

Постепено во таквите компании се оформија сериозни оддели за човечки ресурси, кои што се грижат за развојот на капацитетите на своите вработени, преку обуки, тренинзи, програми за мотивација и сл. Сериозни оддели за човечки ресурси имаат и компаниите кои што дојдоа како директни странски инвестиции, односно од почеток почнаа да ја градат својата кадровска структура.

Страв од делегирање

Да се позанимаваме сега малку со компаниите оригинално создадени во почетокот на 90-те години или подоцна, од типот на онаа каде што работи мојот пријател од почетокот на овој текст. Таа е пример каде што сопственикот успешно ги делегирал обврските, но што станува со оние каде што “газдата“ не ги развива своите луѓе, туку сите конци и понатаму ги држи во своите раце.
Токму во неуспехот на сопственикот на бизнисот да ги развива своите вработени, е  и причината што подоцна не гледа соодветни луѓе на кои што може да им префрли дел од задачите, велат експертите за човечки ресурси.

Колку и да се обидуваат сопствениците на компаниите да ги  избегнуваат промените, во еден момент иднината на компанијата треба да се стави  пред личните интереси и пред желбата да се биде незаменлив.

Новите времиња бараат нови луѓе, а растот на компанијата и нови тимови.  Во овој контекст и прашањето за развој и задржување на вработени на секое ниво од менаџментот: без воспоставени процеси и систем за кариерен пат на вработените и нивен развој, ова прашање е оставено на случајноста. Голем број од македонските мали и средни компании немаат јасни системи за управување со човекови ресурси и ја плаќаат цената која лесно се пресметува и во бројки- трошокот за замена на еден вработен слободно може да се пресмета од шестмесечната плата предвидена за тоа работно место, плус трошоците за регрутација (оглас за вработување, интервјуа и сл). Вака земено, долгорочното планирање е секогаш подобра опцијa.

Големите светски компании имаат развени стратегии за развој на таленти (водење на вработените низ структурата на компанијата и развивање на нивниот потенцијал). Тој процес во себе најчесто носи компонента на планирање на наследниците, односно вработените кои имаат потенцијал, еден ден, да застанат на самиот врв од компаниската пирамида.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×