Екстрадиран Зоран Даневски кој беше во бегство во Бугарија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бизнисменот Зоран Даневски вчера беше екстрадиран и префрлен во затворот во Штип, откако две години помина во бегство во Бугарија. Даневски доби казна од две години затвор, зашто носел одлуки и земал кредити без знаење и одобрение од собранието на доверители во агро-комбинатот „Џумајлија“.

Против Даневски се водат постапки и за злоупотреба на службената положба и овластување, и за затајување на данок при продажба на вино, како и за исчезнувањето на државните резерви за жито, чија вредност се проценува на околу еден милион евра.

И неговиот брат Слободан Даневски доби казна од три години затвор, исто така за злоупотреби во комбинатот „Џумајлија“, со кој раководеа двајцата браќа. Слободан Даневски беше градоначалник на Свети Николе, а Зоран Даневски директор на ветеринарната управа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×