Електричните автомобили се најбрзорастечкиот пазарен сектор во Европа, со раст на продажба од 56%
Објавено на од во Економија

ElektrocarsПазарот на електрични автомобили во Европа забележа силен раст во првата половина годинава. За првите шест месеци годинава продажбата на електромобили се зголемила за 56%, или зголемување од 27.000 нови автомобили. Па така во првата половина годинава биле продадени вкупни 73.162 електрични автомобили во Европа.

Модерната верзија на Renault Zoe останува најпродавaно електрично возило во Европа, на втората позиција е Nissan Leaf, а трет најпродаван електричен автомобил е BMW i3.

И покрај големиот раст, пазарот на електрични автомобили се уште зазема ниски 0,9% од пазарот на нови автомобили во Европа, што е раст во споредба со ланската година, кога тоа учество изнесувало 0,6%.
На второ место по раст во Европа е пазарот на компактни SUV модели и кросоувери, каде растот е 37% за првите шест месеци годинава. Во оваа категорија лидер по продажба е Peugeot  3008 со над 81.000 продажби.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×