Електронско поднесување пресметки за персонален данок од следната година
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Од 1 јануари 2018 година почнува електронското поднесување пресметки за персонален данок на доход, а од 2019 година треба да почне издавањето пополнета годишна даночна пријава од страна на УЈП, соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска.

На завршниот настан од едногодишниот проект, што овозможи креирање на новата електронска алатка на УЈП „е-персонален данок на доход“, министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека неопходните законски измени за овие реформи во УЈП се веќе изготвени и до крајот на годинава треба да бидат донесени.

„Ги вградивме најдобрите европски практики по македонски рецепт и развивме услуги со кои можеме да се носиме рамо до рамо со модерните даночни администрации“, истакна Лукаревска и додаде дека реформите во УЈП драстично ќе го намалат досегашното чекање пред шалтерите.

Раководителот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини, укажа дека реформите на јавните финансии се клучен чекор за подготовка на Македонија за членство во ЕУ.

„Фискалната транспарентност и зајакнатите јавни внатрешни контроли“, напомена Бертолини, треба да бидат приоритет за националните власти.

Македонија за реформите во УЈП има поддршка од 6,2 милинона евра, а проектот од кој произлезе „е-персонален данок на доход“ беше финансиран со 98.530.000 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×