Елон Маск: Доаѓа машина која ја поврзува човечката свест со компјутерите
Објавено на од во hi-tech & business
Ексцентричниот визионер и извршен директор на Тесла, Елон Маск, рече дека наскоро ќе има хардвер за поврзување на човечката свест со компјутерите.
neuralinkТој го основал стартапот Неуралинк во 2016 година. Сега компанијата започнува нова револуционерна технологија, пишува Independent. Маск го објави ова на Твитер, но одби да даде дополнителни детали.
Иако идејата за таква машина е јасна од основањето на компанијата, но нема информации за тоа што ќе биде и како ќе функционира.
Вебсајтот на Neuralink, во кој неодамна беа објавени огласи за 11 работни позиции ја опишува футуристичката технологија како технологија за “ултра високофреквентни врски” помеѓу компјутерите и човечкиот мозок.
Според Маск, пенетрацијата и примената на вештачката интелигенција се повеќе и повеќе го загрозува човештвото. Според неговите зборови, таквите иновации се од суштинско значење, бидејќи во блиска иднина луѓето можеби ќе мора да се натпреваруваат со роботите.
На конференцијата во 2016 година, инвеститорот вели дека човештвото може да почне да се третира како милениче на вештачката интелигенција ако не изгради хардвер кој го поврзува човечкиот мозок со компјутерите.
“Не ми се допаѓа идејата да бидам домашна мачка, но што е решението? Мислам дека дел од тоа е да ја претекнеме оваа доминација на автоматизација и вештачка интелигенција за да биде од корист за луѓето”, рече Маск.
Идејата за Neuralink е да се спојат хардверот и човековиот мозок. Научен напис во Nature Nanotechnology, објавен во 2015 година, го опишува концептот на инјектирање на електронски кола во човечкиот мозок. Студијата врз која се темели статијата ги испитува начините за намалување на јазот помеѓу човечките и нервните шеми.
“Мораме да научиме да одиме пред да научиме да трчаме, но навистина мислиме дека можеме да го револуционизираме начинот на кој комуницираме со мозокот”, се вели во студијата.
Сепак, ваквиот хардвер може да стане жртва на сајбер-напад врз вештачката интелигенција. Ако тоа се случи, АИ ќе може да управува со мислите, одлуките и емоциите на луѓето кои го користат колото за инјектирање на хардвер.
Развојот на технологијата значи дека тие ќе можат да ги кодираат менталните процеси и да ги манипулираат механизмите на мозокот, според невролозите. Можностите за клинички и јавни придобивки од невротехнологиите се огромни. За да го направиме ова, сепак, ние мора да ги водиме, така што да можеме да го извлечеме најдоброто од човештвото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×