Елон Маск ги откри плановите за програмата за хакирање на мозокот
Објавено на од во hi-tech & business
NeuraLink, компанија основана од Елон Макс за да ги истражи начините за поврзување на човечкиот мозок со компјутерскиот интерфејс, е вор ацете на американските регулатори, кои треба да одлучат за почетокот на тестирањето на уредот на луѓе.
_107910066_brainaiСистемот е тестиран на мајмун кој можел да го контролира компјутерот со својот мозок, објави Маск.
Компанијата соопшти дека сака да се фокусира на пациенти со тешки невролошки заболувања. Но, на крајот, г-динот Маск предвидува иднина на “натчовечко сознание”.
Уредот што го развила фирмата се состои од мала сонда која содржи повеќе од 3.000 електроди, потенки од човечко влакно од коса – која потоа може да ја следи активноста на 1.000 неврони.
Предноста на овој систем, според компанијата, е дека ќе може да навлезе во многу специфични области на мозокот, што би било хируршки побезбедно. Исто така, ќе може да ги анализира снимките користејќи машинско учење, кое потоа ќе открие каков тип на стимулација ќе му биде потребна на пациенот.
NeuraLink не објаснува како системот ја преведува мозочната активност или како уредот може да ги стимулира мозочните клетки.
“Не е дека одеднаш ќе ја имаме оваа неверојатна нервна сонда и ќе го преземе мозокот на луѓето”, рече Маск за време на неговата презентација. “Ќе потрае подолго време.”
Но, тој рече, за оние што ќе го изберат, системот на крајот ќе дозволи “симбиоза со вештачка интелигенција”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×