Елон Маск и директорот на UBER ќе му бидат економски советници на Трамп
Објавено на од во Политика

elon-musk-donald-trump-adviserНекои од водечките американски претприемачи и директори ќе бидат дел од економскиот совет на новоизбраниот американски претседател на САД, Доналд Трамп.

Во овој совет членуваат бизнис лидери кои ќе го советуваат Трамп за сите економски прашања. Меѓу членовите на овој економски совет се наоѓаат и многу познати директорски имиња во САД меѓу кои Џејми Дајмон (JP Morgan), Боб Игер (Disney), Мери Бара (GM), Индра Нуи (Pepsi), Стив Шварцман (Blackstone), но и технолошките претприемачи Елон Маск (Tesla Motors) и Тревис Каланик(Uber).

И покрај тоа што некои од назначувањата на Трамп се проблематизираат, се чини дека Силиконската Долина нема да биде оставена настрана.
За јавноста најинтересни се двајцата членови Елон Маск и директорот на Uber, Каланик, кој не се баш фанови на Трамп.

Имено, во ноември Трамп изјави дека според него Трамп не е вистинскиот човек за претседатското место, а Каланик пред изборите изјави дека доколку Доналд Трамп победи на изборите тој ќе се пресели во Кина.
Инаку, денес во Трамп кулата во Њујорк се одржува состанок на кој Доналд Трамп ги повика сите големи корпоративни лидери.
“Мојата администрација ќе работи заедно со приватниот сектор за да се подобри бизнис климата и да се создадат услови за компаниите да отвараат нови работни места”, изјави Трамп во својата писмена изјава до јавноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×