Елон Маск предупредува: 
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС

humanoid-robot-Ilon Musk WEBЛуѓето мора да се сообразат со машините или ќе станат безначајни

Претприемачот и милијардер Елон Маск е познат по своите футуристички идеи и проекти. Последната негова изјава е само една од неговите сугестии како човештвото да се спаси да не биде безначајно во ерата на вештачката интелигенција која станува се поочигледна.

 

Елон Маск, основачот и директор на Tesla Motors и SpaceX смета дека луѓето мора да се сообразат со машините и да станат еден вид на киборзи.

“Со тек на времето веројатно ќе гледаме се поблиско соединување на биолошката и дигиталната интелигенција”, изјави Маск на World Government Summit кој неодамна се одржа во Дубаи, каде што Маск го лансираше своето возило Tesla во Обединетите Арапски Емирати.

“Се работи повеќе за фреквенцијата и брзината на конекцијата помеѓу човечкиот ум и вашата дигиталната верзија и аутпутот кој би се добил со тоа поврзување”.

Маск објаснува што мислел со неговата изјава дека компјутерите можат да комуницираат со трилиони бита во секунда, додека главниот метод на дигитална комуникација на луѓето преку типкањето со прсти на мобилните уреди изнесува 10 бита во секунда.
“Во ерата кога вештачката интелигенција се заканува да стане се пораширена, луѓето би биле бескорисни, па затоа е потребно на спојување на луѓето со машините”, објаснува Маск.

Тој објаснува дека некои фреквенции со висока пропустливост на податоци кон човечкиот мозок ќе помогнат да се постигне симбиоза помеѓу луѓето и машинската интелигенција и можеби ќе помогнат да реши проблемот со контрола и бескорисност на луѓето”, објаснува Маск.
Технолошките решенија ќе овозможат ново ниво на мозокот кој ќе биде способен  да пристапи до информациите и да навлезе во вештачката интелигенција.

Ова не е прв пат Маск да зборува за потребата од еволуција на човекот. Всушност, тоа е константна тема на неговите настапи за тоа како општеството треба да се однесува кон промените кои ќе ги донесе вештачката интелигенција.


Луѓето кои работат работи кои се поврзани со возење на автомобили, или од 12% до 15% од светската работна сила, во следните 20 години ќе останат без работа.

Многу брза промена

За време на неговиот настап во Дубаи, Маск допре и до неговите стравови дека вештачката интелигенција ќе отиде многу подалеку од самоуправувачките автомобили до нешто што се вика вештачка општа интелигенција.

Тоа Маск го објаснува како ситуација во која вештачката интелигенција е попаметна од најпаметното човечко суштество и тоа е опасна ситуација.

Како најевидентна закана е начинот на кој вештачката интелигенција ќе ги замени работните места. Луѓето кои работат работи кои се поврзани со возење на автомобили, или од 12% до 15% од светската работна сила, во следните 20 години ќе останат без работа.

“Со развојот на самоуправувачките автомобили ќе го почувствувавме најбрзиот импакт од технологијата. Тоа ќе се случи многу побрзо отколку што луѓето можат да замислат и тоа ќе биде многу згодно”, вели Маск.

“Но, има многу луѓе чија работа е да возат. Затоа мора брзо да смислиме што овие ќе работат, бидејќи таа промена ќе се случи многу брзо и ќе предизвика големи промени на пазарот”, предупредува Маск.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×