Ем советници, ем управители. Антикорупциска со јавна опомена за судир на интереси
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Државната комисија за спречување на корупцијата констатира состојба на судир на интереси кај лицата Ѓоре Стојковски и Илбер Исеновски.

Како што се наведува во соопштението, оваа комисија претходно побарала во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции, односно две од трите, кои истовремено ги извршуваат.

Сепак, како што тврдат од Антикорупциска, ниту Ѓоре Стојковски ниту пак Илбер Исеновски не постапиле по барањето на комисија, поради што одлуката на комисијата на овие лица да им изрече мерка  јавна опомена.

Инаку, Ѓоре Стојковским, се наведвуа во соопштението, е истовремено со  функцијата член на Совет на Општина Гази Баба и управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „ИНВЕСТ – ПРОМ ЃОРЕ“ ДООЕЛ Скопје.

Илбер Исеновски пак, е истовремено со  функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ги извршува и ВД директор во Јавното претпријатие „КАЛЕ“ – Центар Жупа од Општина Центар Жупа како и менаџер – директор без ограничување во Земјоделска задруга „НОВ ЖИВОТ“ с. Г. Папрадник, Центар Жупа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×