Емилија Спировска: ПОЛЕСЕН ПРИСТАП ДО КРЕДИТИ
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Emilija Spirovska WEB glavnaЕмилија Спировска

член на УО на ПроКредит Македонија

ПроКредит Банка и Европскиот инвестициски фонд потпишаа договор за гаранција со цел олеснување на пристапот до финансирање на малите и средни претпријатија. Емилија Спировска, члена на УО на ПроКредит Македонија објаснува подетално за новата кредитна линија од 10 милиони евра.

 

Eвропскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит Македонија потпишаа договор за гаранција со кој ќе се пласираат 10 милиони евра за поддршка на мали и средни претпријатија преку Фондот за обнова и развој на Западен Балкан. Како дојде до оваа соработка?

Соработката со ЕИФ дојде како резултат на заедничкиот фокус на делување на нашата банка и стратешкиот интерес на ЕИФ во доменот на  финансиска поддршка на малите и средни претпријатија како и ориентацијата кон развојно ориентирано претприемништво. Како банка, имаме претходно искуство со ЕИФ и сме пласирале финансиска поддршка во форма на кредити на  растечки бизниси на кои им се потребни финансиски средства.

Целта на овој договор е да се олесни пристапот до финансирање за МСП во Македонија во текот на следните две години. Преку оваа гарантна шема ќе пласираме кредити со намалени критериуми во поглед на обезбедувањето потребно за кредитот. Преку зголемување на бизнис активноста на пазарот, ПроКредит придонесува за раст и развој на економијата во Македонија, поголемата конкурентност на пазарот и отворањето на нови работни места.

Најголемата предност на оваа гарантна шема е во намалените барања за обезбедување на кредитите, а дополнително каматните стапки се намалени за 0.25% во однос на стандардните.

Кои бизниси ќе имаат пристап до средствата обезбедени со договорот со ЕИФ и за какви намени ќе може да се искористат овие кредити ?

Средствата се достапни за сите мали и средни претпријатија до 250 вработени. Компаниите ќе може да ги користат средствата за набавка на основни или обртни средства со рок на отплата до 10 години.

Која е предноста доколку компаниите ги користат средствата од оваа гарантна шема?

Кредитите кои ги пласираме како дел од оваа соработка со ЕИФ имаат повеќе предности во однос на другите кредити. Истите се соодветни и за инвестициите во фиксни и во обртни средства. Максимален износ на кредит ќе биде 500.000 евра, а максимален рок 10год. Најголемата предност е во намалените барања за обезбедување на кредитите. Компаниите може да ги користат средствата со многу помало обезбедување во однос на стандардните услови кои ги нудат банките. Ова практично значи дека компаниите може да ги користат средствата и без било каква хипотека со рок до 3 години или пак да ги користат кредитите за набавка на опрема која сè уште не е стигната во Македонија. Ова е доста интересно за  растечките компании кои немаат да понудат доволно обезбедување, а имаат значаен потенцијал за раст и развој. Дополнителна предност на кредитите од оваа гарантна шема се намалувањата на каматните стапки за 0.25% во однос на стандардните.

Интересот е голем, овие кредити ги нудиме на пазарот само неколку седмици, а веќе имаме во процес десетина кредитни апликации во вкупен износ од 2 милиони евра.

Како банка која активно го следи развојот во бизнис секторот, дали сметате дека постои потенцијал на пазарот и има компании кои се спремни на нови долгорочни инвестиции?

Успешните претприемачи се секогаш подготвени за нови предизвици и вложувања во сопствениот бизнис. Интересот го потврдува и фактот што овие кредити ги нудиме на пазарот само неколку седмици, а веќе имаме во процес десетина кредитни апликации во вкупен износ од 2 милиони евра. Бизнисмените ги согледуваат предностите кои ги имаат од оваа понуда и ги искористуваат сите можности кои се отвораат пред нив.

ПроКредит Македонија е дел од ПроКредит Групацијата која има широка мрежа на банки во Југоисточна Европа. Дали покрај кредитирањето имате и други предности кои може да им ги понудите на компаниите кои дејствуваат во овој регион и сакаат да се шират меѓународно?

Фактот што сме дел од силна Групација во Југоисточна Европа носи повеќе придобивки за клиентите, особено за оние кои имаат меѓународна соработка со партнери во странство.

Ние сме единствена банка која нуди фиксна цена за плаќања во странство. За плаќања во рамки на банките од ПроКредит Групацијата, девизните плаќања се исклучително атрактивни и изнесуваат само 2.5 евра фиксна провизија. Сите приливи од странство на компаниите кои соработуваат со ПроКредит се без провизија.

Практично нашите клиенти со меѓународни бизниси може побрзо, поевтино и поефикасно да соработуваат со нивните корпоративни партнери во земјите каде ние како групација имаме банка.

Секое претпријатие кое работи во повеќе земји во кои ПроКредит има своја банка добива меѓународен финансиски лимит. Тоа значи комплетна финансиска поддршка за потребите на сите меѓународни претставништва од еден и единствен партнер, особено за меѓународните подружници на бизнис кој е во фаза на почетни вложувања во клучните развојни фази, кога инвестицијата е во стартап фаза.

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×