Енергетската транзиција и новите извори на енергија во фокусот на „Македонски енергетски форум 2019“
Објавено на од во Економија
По одличното издание на првиот Македонски енергетски форум што се одржа во јуни минатата година, второто издание на меѓународна конференција на иницијатива на АД ЕСМ насочена кон трендовите во енерегетиката ќе се одржи од 15 до 17 мај во хотелот Изгрев, во Струга. Годинава сѐ повеќе се продлабочуваат предизвиците со кои се соочува регионот при приклучувањето на енергетските трендови во светот, улогата на новите технологии во зголемување на прозиводството на електрична енергија, но и нивната одговорност кон животната средина.
MEF
Втората меѓународна конференција “Македонски енергетски форум” оваа година е посветена на светската енергетска транзиција, новите извори на енергија, енергетската ефикасност и предизвиците на регионот на Југоисточна Европа при приклучувањето кон глобалниот тренд за намалување на енергетската побарувачката и декарбонизација на економијата.
Годинава сѐ повеќе се продлабочуваат предизвиците со кои се соочува регионот при приклучувањето на енергетските трендови во светот, улогата на новите технологии во зголемување на прозиводството на електрична енергија, но и нивната одговорност кон животната околина, како и инвестициите во енергетската ефикасност, што ќе овозможи значително намалување на потрошувачката на електрична енергија во иднина.
Форумот согласно своите цели останува на определбата искажана минатата година дека организирањето на оваа меѓународна конференција е во духот на стратешките цели на на Република Северна Македонија да организира меѓународни настани и конференции што ќе поттикнат дијалог, како суштински дел од процесот за европеизација на општеството, апридобивките од нашиот форум, во форма на заклучоци, предлози и препораки, се пренесени до јавноста и до сите релевантни, надлежни и заинтересирани субјекти во сферата на енергетиката.
Очекуваме МЕФ 2019 да го задржи и да го надмине квалитетот на дискусиите и да прати квалитетни и корисни пораки и заклучоци во доменот на предвидените теми. Форумот е платформа од пет панели кои ќе понудат атрактивни теми и ќе отворат дебата за актуелни процеси и трендови во енергетиката. Под мотото „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ оваа година на Македонскиот енергетски форум 2019 ќе се дискутира на следните теми:
Панел I: Енергетска транзиција во светот и регионални предизвици во пристапувањето кон глобалниот тренд

Панел II: Жени во енергетика

Панел III: Регионални предизвици во снабдувањето со природен гас

Панел IV: Нови технологии и обновливи извори во целокупното производство на електрична енергија по 2030 година

Панел V: Енергетска ефикасност – главен фактор за намалување на потрошувачката на енергија по 2030 година
Македонскиот енергетски форум за првпат се одржа во 2018 година и започна како иницијатива што требаше да поттикне редовен формален дијалог назначајни теми во енергетиката, да придонесе за дефинирање на интересите на инвеститорите во енергетскиот сектор во регионот и да понуди соодветни решенија имајќи ги предвид на геостратегиската енергетска состојба. Домаќин на настанот, како и годинава беше х.Изгрев, кај Струга, а МЕФ беше иницијатива и финансиран од АД ЕСМ, Американската амбасада во Скопје во соработка со ЗИП Институт, со поддршка од Владата на Северна Македонија.Форумот на едно место собра министри, претставници на научната јавност, професори, претставници од МАНУ, домашни и странски експерти, претставници на Европската енергетска заедница и засегнати невладини организации како претставници на граѓанскиот сектор. Првиот меѓународен форум, помина во одличен амбиент кој овозможи вмрежување меѓу претставници на енергетскиот сектор, размена на искуства и промоција на нови трендови во енергетиката.
За повеќе информации за Македонскиот енергетски форум 2019 посетете го:
https://mef.mk/.
За учество регистрајте се на следниот линк https://mef.mk/product/registration-fee-2/ , додека за МЕФ експо, посетете го делот за саемско претставување на компаниите за време на настанот https://mef.mk/product/registration-for-expo/.
Претставниците на медиумите што сакаат одблиску да ги следат настаните на МЕФ 2019 може да се регистрираат на следниот линк https://mef.mk/media-registration/.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×