ЕП ќе гласа за воведување на економски санкции кон Турција
Објавено на од во Политика
Европратениците вчера ја осудија турската иницијатива за формирање на „безбедносна зона“ во североисточна Сирија, а денеска ќе се изјаснат за нацрт-резолуцијата, со која се предвидуваат „соодветни и целни економски мерки против Турција“.
erdogan-tusk_web-thumb-largeНацрт-резолуцијата, која има поддршка од сите политички групи во Европскиот парламент, содржи осуда на турската иницијатива за формирање „безбедносна зона“ во североисточна Сирија и е основа за нови финансиски санкции кон Анкара
Во текстот се бара суспензија на царинската унија на ЕУ и Турција. Таквата мерка би влијаела на трговската размена во вредност од 200 милијарди евра помеѓу земјите-членки на ЕУ и Турција.
Во нацрт-резолуцијата се отфрлаат амбициите на Турција за формирање на безбедносна зона и се бара воведување на санкции за турски претставници, одговорни за наводно кршење на човековите права за време на турската офанзива во северна Сирија.
Анкара бара формирање на безбедносна зона од 440 километри долж границата со Сирија. Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган на 22 октомври се
договорија за поделба на контролата над североисточна Сирија. Во согласност со договорот, Турција ќе ја задржи областа што ја освои со инвазија, додека руските и сириските сили ќе го контролираат преостанатиот дел долж сириско-турската граница. Договорот предвидува и курдските борци во рок од 150 часа (почнувајќи од вчера на пладне) да се повлечат од зоната во североисточна Сирија.
Европската Влада протестираше поради турската офанзива во Сирија, но има поделени мислења како да се одговори на тоа. Додека европратениците не се прашуваат директно за надворешнополитичките одлуки на ЕУ, но имаат можност да ги намалат финансиските средства од Унијата за Турција.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги укина санкциите кон Турција.
– Другите нека се борат околу тој крвав песок. Санкции повторно ќе бидат воведени, ако се сличи нешто со што нема да бидеме задоволни, истакна Трамп.
Тој нагласи дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го убедил дека ќе престанат борбите во регионот, како и дека неодамна договореното примирје ќе биде трајно.
САД воведе санкции кон Турција минатата недела како одговор на турската офанзива во североисточниот дел на Сирија, што почна на 9 октомври, против курдските борци, кои за Анкара се терористи, а беа главни сојузници на САД во борбата против Исламска држава.
Укинувањето на американските санкции уследи откако Русија и Турција пред два дена се договорија да бидат гарант на примирјето долж сириската граница, каде се распоредени руски воени трупи. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека сириската Влада ќе постави свои војници на 15 пунктови долж границата со Турција. Сириските и руските сили се распоредуваат во североисточна Сирија за да го надгледуваат повлекувањето на курдските борци и за да го отстранат нивното оружје долж границата со Русија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×