ЕП усвои резолуција што нема да ѝ се допадне на Меј: Со Британија ќе се преговара во фази
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европскиот Парламент денеска усвои резолуција за главните насоки во преговорите за Брегзит, повикувајќи на преговори во фази, и одбивајќи можност договорот за идниот однос со Велика Британија да се постигне пред да се договори разделбата.

Ова е против желбите на Лондон, каде сметаат дека преговорите за заминување би требало да одат паралелно со договор за идниот трговски аранжман со европскиот блок.

Европските пратеници ја усвоија резолуцијата со 516 гласови „за“, 133 против и 50 воздржани.

Во резолуцијата се одредени неколку црвени линии што не треба да бидат преминати во тек на преговорите.

Се вели дека Велика Британија треба да ги почитува сите финансиски обврски што ги презела како членка на Европската унија, што е сметка за која постои оценка дека изнесува меѓу 55 и 60 милијарди евра.

Во текстот се наведува дека преговори за транзитните прашања можат да почнат во тек на двегодишните преговори за Брегзит, но само ако се оствари опиплив напредок кон постигнување договор за излегувањето на Британија од Унијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×