„Епл“ стана сопственик на бизнисот со модеми на „Интел“
Објавено на од во hi-tech & business
Компанијата „Епл“ купи мнозински удел во бизнисот со модеми на „Интел“ во вредност од милијарда долари, соопштија синоќа двете компании. Сумата ќе биде исплатена во четвртиот квартал од 2019 година.
US-COMPANY-LOGO-APPLEСпоред договорот, „Епл“ станува сопственик на повеќе од 17 илјади патенти за безжични технологии, вклучувајќи и разни протоколи на стандарди за мобилна поврзаност и архитектури на модеми. Околу 2,200 вработени во „Интел“ преминуваат во „Епл“, заедно со интелектуалната сопственост, опрема и закупи.
„Интел“ продолжува со можноста да развива модеми за апликации неповрзани со паметните телефони како персонални компјутери, интернет поврзување на физичка техника и секојдневни апарати (Internet of things) и за безпилотни возила.
Дека „Епл“ преговара со „Интел“ за откуп на бизнисот за производство на 5Г модеми за паметни телефони неделава соопшти и „Волстри Журнал“, повикувајќи се на свои извори. Според весникот, зделката за „Епл“ е од стратегиски карактер за да постигне лидерство во разработката и пенетрацијата на 5Г-технологии.
Се проценува дека зделката е погодна за „Интел“ која на тој начин успеала да се ослободи од производство што прави загуби. Според весникот, за развојни цели поврзани со паметни телефони компанијата годишно прави загуба од милијарда долари. Со договорот, „Интел“ е подготвена да се откаже од производството на модеми за смартфони за да се фокусира на разработка на 5Г-технологии за друга техника и апарати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×