Епл треба да и плати на Ирска 13 милијарди евра данок
Објавено на од во Компании
Американскиот технолошки џин Епл денес тргна во епска судска битка со ЕУ поради одредбата на Европската комисија дека на Ирска мора да ѝ плати 13 милијарди евра данок.
Apple (1)Правниците на најголемата светска компанија ќе спорат пред луксембуршкиот суд со функционерите на ЕУ и ќе се обидат да ја оспорат одлуката која извршниот директор Тим Кук своевремено ја нарече „тотална политичка глупост“.
Заклучокот Европската комисија го објави во август 2016 комесарката за заштита на пазарната конкуренција Маргрет Вестагер, доделувајќи 1 на Европа поголема улога во обидите да ја скастри моќта на технолошкиот џин.
Рочиштето ќе биде одржано денес и утре во општиот суд на ЕУ, а пресудата треба да биде донесена до 2020 година. Евентуалната жалба би била поднесена пред Европскиот суд на правдата, со можност за донесување на конечната одлука до 2021 година.
ЕУ го обвинува Епл дека неоданочените приходи остварени во Европа, Африка, на Блискиот Исток и во Индија ги регистрира во Ирска, која се наметна во европски центар на големите светски технолошки и фармацевтски џинови поради даночната политика.
Епл со тоа наводно стекнал предност во однос на другите компании и во периодот од 2003 до 2014 година даночните обврски ги намалил за околу 13 милијарди евра, затоа што Ирска, смета Брисел, му обезбедила непрописна „државна помош“.
Епл жестоко ги негира обвиненијата. Американската влада исто така тврди дека одлуката на Брисел претставува големо нарушување на меѓународните даночни прописи.
„Европската комисија се обидува да ја прекрои историјата на Епл во Европа, да ги игнорира ирските закони и со тоа да предизвика нарушувања во меѓународниот даночен систем“, тврдеше во отворено писмо во 2016 година шефот на американската компанија Тим Кук.
Епл тврди дека даноците на спомнатите приходи се должни да ги плаќаат во САД, каде вложуваат во истражување и развој и така создаваат вредност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×