Ердоган: Фетула Ѓулен е закана за 170 земји во светот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа, во обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, ги повика светските лидери да преземат мерки против „терористичката мрежа“ на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, оценувајќи дека таа ја загозува нивната безбедност.

„Од оваа говорница ги повикувам сите наши пријатели под итно да ги преземат неопходните мерки против терористичката организација на Ѓулен, поради заштита на сопствената безбедност и безбедноста на своите нации“, изјави Ердоган, додавајќи дека оваа организација не претставува закана само за Турција, туку и за сите 170 земји во светот во кои таа има свои институции и активности.

Според Ердоган, ваквите бројки значат дека најголемиот дел од земјите членки на ОН се загрозени од „илегалната стрктура“ на Ѓулен.

Анкара го обвинува Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, дека стои зад обидот за воен удар во Турција во јули годинава и досега во неколку наврати побара од американските власти негова екстрадиција, но Вашингтон бара недвосмислени докази за негова поврзаност со настаните за кои го обвинуваат турските власти.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×