Ердоган го изгуби и Истанбул
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Со ова , партијата АКП по децениско владеење со Истанбул, оди во опозиција.
16turkey1-articleLargeКандидатот на најголемата турска опозициска партија, Екрем Имамоглу, е прогласен за градоначалник на Истанбул, по пребројувањето на гласовите што се одржа по барање на турскиотпретседател, Реџеп Таип Ердоган.
Ова е голем удар за претседатекот Ердоган, кој по Анкара и Измир, го изгуби и најбројниот турски град..
Прогласувањето на новиот градоначалник беше објавено по пребројувањето на гласовите заради жалбата на владејачката Партија на правдата и развојот – АКП на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави Ројтерс.
Првичните резултати од локалните избори на 31 март донесоа тесна победа за Екрем Имамоглу, кандидат на Републиканската народна партија на опозицијата – , кој стави крај на 25-годишната контрола на АКП и неговите претходници во градот на Босфор.
Ердоган пред локалните избори изјави дека тој што ќе го добие Истанбул е победник на изборите.
Имамоглу победи со минимални 13 илјади гласови разлика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×