Ердоган и АКП повторно ќе можат да управуваат самостојно
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

davutogluПартијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Партија на правдата и развојот (Adalet ve Kalkınma Partisi – AKP), на денешните избори во Турција си ја врати можноста самостојно да управува преку Парламентот во наредните четири години. АКП, која на власт е од 2002 година, првпат по тринаесет години го загуби самостојното мнозинство во турскиот Парламент на претходните избори, одржани неодамна, на 7 јуни, кои не резултираа со парламентарен состав што ќе може да состави влада, по што мораше да се оди на нови избори.

Според сѐ уште неофицијалните резултати, но, при преброени речи си 100% од гласовите, АКП освоила околу 50% од нив, што за неа значи 316 пратеници, а за самостојно владеење доволни се 276 места во Парламентот што вкупно брои 550 мандати. Републиканската народна партија (Cumhuriyet Halk Partisi, CHP) би требало да има 134 пратеници, благодарение на 25,4% од гласовите. Трета е Партијата на националистичкото движење (Milliyetçi Hareket Partisi, MHP)со веројатни 41 пратеник, или 12% од гласовите на Турците според неофицијалните резултати. Кај оваа партија падот е најголем во однос на изборите од 7 јуни, кога таа освои 16%.

Резултатот на прокурдската Народно демократска партија (Halkların Demokratik Partisi, HDP) е на четвртото место, со освоени 10,55%, но ако во официјалните резултати таа падне под 10% (прагот во Турција за влез во Парламентот е 10%), тогаш би се зголемил бројот на пратениците на АКП, со можност да се состави мнозинство од 330 парламентарци, што, пак, би значело дека Ердоган ќе може да ги протне низ Парламентот зголемените ингеренции за себе, како претседател на Турција. ХДП на јунските избори беше изненадувањето со тоа што не само што го помина прагот, туку освои 13% од гласовите.

Излезноста на денешните избори била висока – гласале 87% во државата и околу 40% во дијаспората – од Турците со право на глас кои се 56,6 милиони. Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, ги оцени денешните избори како „победа за демократијата и за турскиот народ“. „Да се надеваме дека ќе ви служиме во следните четири години, и ќе можеме исправено да стоиме пред вас повторно во 2019 година“, изјави Давутоглу. Во исто време, во Диарбекир, што е центар на југоисточните провинции на земјата населени со Курди, избувна конфликт меѓу полицијата и незадоволните од резултатите на изборите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×