Ердоган го отвора најголемиот аеродром во светот во Истанбул вреден над 7,5 милијарди евра
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Istanbul-New-Aırport-2-866x487Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отвора новиот аеродромот во Истанбул, за кој тој тврди дека за 10 години, односно до 2028 година, кога Турција слави 95 години од државноста, ќе стане најголемиот аеродром во светот. На свеченото отварање на првата фаза од аеродромот присуствуваа над 50 високи државници од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Десетици илјадници работници работеа на завршување аеродромот за да го исполнат крајниот рок на 29-ти октомври поставен од страна на Ердоган.
Сепак, неговото отворање во понеделникот е само симболичко и со само ограничени летови на почетокот, а целосното преселување на аеродромот се очекува до крајот на годината.

Новиот аеродром во Истанбул, на брегот на Црното Море, во првата фаза ќе опслужува 90 милиони патници годишно, а во него ќе бидат вработени 1,5 милиони работници. Досега трошоците на изградбата изнесуваат околу 7,5 милијарди евра.

По неговото завршување за десет години, аеродромот ќе се простира на скоро 19.000 хектари и ќе опслужува до 200 милиони патници годишно со шест писти и капацитет за 500 авиони, ќе има паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70 илјади возила. Се очекува од новиот аеродром дневно да полетуваат и слетуваат над 2.000 авиони кон 350 дестинации низ светот, а своите услуги на аеродромот ќе ги нудат над 250 авионски компании. Новиот аеродром во Истанбул би бил речиси двојно поголемо од сообраќајот на најголемиот аеродром во светот во моментов, Атланта Хартсфилд-Џексон.
Istanbul Aerodrom

“Овој аеродром ќе биде најважниот хаб меѓу Азија и Европа”, изјави Кадри Самсунлу, шеф на конзорциумот од пет компании Истанбул Гранд Аирпорт.

Ентериерите на аеродромот го воздигнуваат турскиот и исламскиот дизајн, а кулата за контрола на воздушниот сообраќај во форма на лале, ја освои Меѓународна награда за архитектура за 2016 година.

Аеродромот исто така ќе користи мобилни апликации и вештачка интелигенција за патниците, е високо енергетски ефикасен и може да се пофали со високотехнолошки безбедносен систем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×