Ердоган одби ТВ-дуел со опозицискиот кандидат за претседател на Турција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отфрли повикот на претседателскиот кандидат на опозицијата за ТВ дебата пред предвремените избори на 24 јуни.

Повикот за дебата беше упатен вчера од страна на кандидатот за претседател од редовите на Републиканската народна партија, Мухарем Инџе. Според него, тоа Турција ќе ја стави во редот на развиените држави со традиција на ТВ дебати пред избори.

Ердоган изјави дека не сака да учествува на дебата на која било телевизија.

„Не сакам на друг човек да му овозможам да добива поени на моја сметка“, изјави Ердоган синоќа во Анкара.

Тој додаде дека е подготвен на средба со Инџе во просториите на партиското седиште.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×