Ердоган против сите
Објавено на од во Политика

Recep Tayyip ErdoganЕскалација на конфликтите пред историскиот референдум

Иако причините за дипломатската криза се поврзани со изборите и се внатрешнополитички, конфликтот меѓу ЕУ и Турција денес изгледа повозможен од кога и да е. Настаните се уште една фаза од разминувањето на Турција со ЕУ – од процесот што тече откако режимот на Ердоган почна да ја оддалечува Турција од демократскиот пат на развој, односно од Европа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им порача на Европјаните дека нема да можат безбедно да се движат по улицитеако го задржат сегашниот став кон Турција. Ова е своевидна кулминација на неколкудневната дипломатска напнатост.
Оваа невообичаена закана стигна по одлуката на германските и холандските власти да им забранат на турските министри да организираат  и оддржуваат митинзи пред претстојниот референдум кој би можел да ги зацврсти и онака силните овластувања на претседателот Ердоган во Турција, пишува Ројтерс.

Анкара на овие забрани одговори со постојани обвинувања дека Европа користи нацистички методи, а врв на тоа се заканите кои дојдоа лично од Ердоган.

“Ако Европа продолжи по овој пат, ниту еден Европјанин нема да може во било кој дел од светот нема сигурно да се движи по улиците, Ние, како Турција, ја повикуваме Европа да ги почитува човечките права и демократијата”, изјави Ердоган.
Ескалацијата е веќе толку силна што германскиот претседател дел од својот инаугурациски говор го искористи за предупредување на турскиот колега дека ризикува да го уништи се она што Турција како држава го постигна во последните години.
“Начинот на кој ние ја гледаме Турција ја карактеризира грижа дека се што е изградено низ годините и десетлетијата може да биде уништено”, изјави Франк Валтер Штајнмер и повика на прекин на споредбите со нацистите, што веќе со денови го бара и Ангела Меркел.

Сурири пред референдумот

Неуспешниот обид за пуч од минатото лето му ги одврза рацете на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган за неговата главна цел – претворањето на Турција во претседателска република.

Минатите осум месеци го подготвија теренот – со чистката во државните институции, безбедносните служби и медиумите, и преполнувањето на затворите со „непријатели“. Походот на турскиот претседател кон тотална власт треба да биде овенчан со поддршка од народот – на референдумот за промена на Уставот на Турција закажан за 16 април.

Неуверливите резултати од истражувањата на мислењето на јавноста го принудија Ердоган да ја мобилизира и огромната турска дијаспора во Европа. Но, интересите директно му се судрија со тензичните избори во државите со најмногубројни турски заедници, во кои крајно десните популисти се застанати на добри стартни позиции во однос на власта.

Ескалацијата „Ердоган против сите“ почна од Германија, каде неколку општини не дозволија изјави на турски политичари за поддршка на референдумот. Но, случајот прерасна во голем дипломатски скандал по особено одлучниот отпор на Холандија, политичари од Турција да агитираат во третата по големина во ЕУ турска заедница – по тие на Германија и на Франција. (во најголемата турска заедница во европска држава, германската, има дури 1,4 милиони луѓе со право на глас на референдумот закажан за 16 парил)

Планираните митинзи требаше да се одржат неколку дена пред парламентарните избори во Холандија, на кои екстремно десната и антимуслиманска Партија на слободата на Герт Вилдерс, и Либералната партија на премиерот Марк Руте влегоа со речиси изедначени позиции. Одлуката на холандските власти очигледно одработи за власта во земјата, зашто владејачката партија на Руте ги доби изборите со уверлива предност во однос на Партијата на слободата на Вилдерс.

05Обвинувањата за фашизам и нацизам, со кои Ердоган ги нападна Германија и Холандија, и неговите закани за ревизија на договорот со ЕУ за мигрантите, предизвикаа верижна реакција на солидарност на европските држави.

Германските медиуми веќе извесно време тврдат дека турскиот претседател планира до крајот на март и лично да ја посети Германија за митинг со локалните турски гласачи. Но, се смета дека слична посета би создала проблеми со безбедноста.

Иако причините за дипломатската криза се поврзани со изборите и се внатрешнополитички, конфликтот меѓу ЕУ и Турција денес изгледа повозможен од кога и да е. Настаните се уште една фаза од разминувањето на Турција со ЕУ – од процесот што тече откако режимот на Ердоган почна да ја оддалечува Турција од демократскиот пат на развој, односно од Европа. Прашањето како тоа влијае на големите турски заедници на Стариот континент ги засилува стравувањата.

Кочници пред ескалацијата има – при тесната поврзаност на турската економија со ЕУ, целосниот прекин би чинел многу скапо за сите актери. Но, она што ќе се одложи, веројатно за долго, е европската идеја за Турција.

 

 

 

 

 

[/freetext]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×