Ердоган се самопрогласи за претседател на државниот инвестициски фонд на Турција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ErdoganТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се самоназначи за претседател на државниот инвестициски фонд на Турција, отпуштајќи го целиот менаџерски тим кој управувал со фондот во изминатите две години на неговото постоење, пишува Блумерг.

За нов генерален менаџер на Фондот е назначен Зафер Сонмез, кој досега работел во државниот инвестициски фонд на Малезија. Министерот за финансии на Турција, Берат Албаирак, кој е инаку зет на Ердоган исто така е член во менаџментот со Фондот.Оваа радикална промена доаѓа две години од основањето на Фондот, чија задача беше да ги докапитализира државните компании и да ги намали потресите во економијата по неуспешниот преврат. Со овој потег Ердоган го зацврстува уште повеќе своето влијание врз клучните финансиски институции во Турција.
Ердоган се обидува да го прошири на секој начин своето влијание врз економијата по изборите во јуни, на кои доби многу поголеми овластувања.Во активите на Фондот се авиокомпанијата Turkish Airlines,  телекомот Turk Telekom, државните банки Ziraat Bankasi и Turkye Halk Bankasi, државни нафтени и енергетски компании, националната пошта, берзата на хартии од вредност, државната лотарија и државниот железнички систем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×