Ердоган заговара втор референдум за членството во ЕУ
Објавено на од во Профил

ct-trump-turkey-erdogan WEB

Ако му поминат уставните измени на 16 април:

Целосна ревизија на односите со Европа, побара турскиот претседател, ако Турците на референдумот за уставните измени и формално ја сконцентрираат власта кај него, на што се противи ЕУ

 

Турција може да спроведе референдум и за тоа дали да ги продолжи преговорите за членство во Европската унија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„На 16 април спроведуваме референдум, и потоа може да одлучиме да направиме и втор (референдум, н.з.) за преговорите за членство во ЕУ, по што ќе се усогласиме со волјата на народот“, изјави Ердоган на форум во Анталија. А пред тоа во телевизиско интервју кажа дека претстои целосна ревизија на односите со Европа.

Во тек на последните месеци односите меѓу Турција и повеќе држави од Европската унија значително се влошија. Поводот беше масовната чистка на десетици илјади турски административци, воени старешини, полицајци, судии, професори, научници, новинари …, по обидот за преврат во државата од 15 јули 2016 година. Дополнителни тензии предизвикаа обидите на турските министри да агитираа во турските заедници во Европа во корист на уставните промени што ќе му дадат многу повеќе власт на Ердоган, ако бидат одобрени од Турците на референдумот следниот месец.

Последниот амбасадор (до затворањето на текстот) што беше повикан да ја објаснува позицијата на својата земја во Анкара беше тој на Швајцарија, а поводот беше протест на илјади Курди во државата што го обвинуваат претседателот за диктаторско поведение.

„Не сме слуга на никого“

Во саботата (25 март) Ердоган рече дека неговата држава нема да игра по гајдата на кого и да е во спорот.

„Тие велат дека нема да нѐ примат, ако на 16 април резултат од референдумот е победа за гласовите „да“. Сакаат тие да одлучуваат место нас. Да ни ја олеснат работата. Зашто така тие можат да нѐ натераат побрзо да донесеме одлука. 16 април е пресвртна точка за нас. Затоа и гласањето со „да“ е толку важно. Ќе го разгледаме сето тоа многу подробно, зашто Турција веќе не е ничиј слуга. Секој треба да го знае тоа“, ги цитираше зборовите на Ердоган весникот Хуриет.

Почетокот на интегрирањето на Турција во ЕУ почна пред неколку децении – уште во 1959 година, односно, две години по потпишувањето на Римските договори. Во 1963 година двете страни потпишаа Договор за асоцирање, со цел создавање на царинска унија меѓу европскиот и турскиот пазар. Ваквата унија стана факт дури во 1995 година.

„Чекаме на прагот (на ЕУ, н.з.) веќе 54 години“, изјави Ердоган во саботата.

Замрзнат процес

Во 1987 година, властите во Анкара ја кандидираа државата за членство во Европската економска заедница. Одобрение дека одговара на статусот кандидат, Турција доби десет години подоцна, во 1997 година.

Суштинските преговори почнаа уште осум години подоцна, во 2005 година. Но, уште тогаш беше јасно дека процесот ќе оди бавно, поради условот Турција да го прифати Дополнителниот протокол од Договорот од Анкара, поврзан со разрешувањето на прашањето за поделениот од средината на седумдесеттите години од минатиот век остров Кипар. Дотогаш осум од преговарачките поглавја нема да бидат отворани, вклучително и тие за слободно движење на стоки, за царинската унија, за финансиските услуги и за надворешните односи.

Покрај ова, Франција и Кипар изјавија дека нема да дозволат отворање и на неколку други поглавја.

Според официјалните податоци, во моментов Брисел и Анкара преговараат за 15 поглавја и времено се затворени преговорите само за поглавјето „Наука и истражувања“.

„Европа е наш заеднички дом, во кој се обединуваме околу заеднички норми, принципи и вредности“, се вели на сајтот на Министерството за надворешни работи на Турција, посветен на односите со Европската унија.

„Како дел од европското семејство Турција не само што влијаела врз политичките, економските и општествено-културните случувања на континентот, но била и под нивно влијание. Оценката на историјата на Европа не може да биде направена без да се анализира ролјата што ја играла Турција на континентот. Како и во минатото, судбините на Турција и на другите европски држави се взаемно поврзани. Исправени сме заедно пред иднината. Во овој контекст нашата цел да станеме членка на Европската унија е стратешки избор“.


turkish-soldiers WEBИзедначено „за“ и „против“ расположението на Турците дали Ердоган да го направат неприкосновен владетел

Опциите „за“ и „против“ уставните измени со кои треба да се воведе претседателски систем во Турција, имаат изедначени шанси на претстојниот референдум закажан 16 април, покажуваат резултатите од анкетите на јавното мислење на турските социолошки агенции.

Во интервју за весникот „Хуриет дејли њуз“, директорот на агенцијата „Конда“, Бекир Агардар, вели дека двете опции „си дишат во врат“.

Агардар наведе дека кај поддржувачите на уставните реформи има „доза на колебање“ и покрај побројното гласачко тело на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), во однос на противничката група на опозициските Републиканска народна партија (ЦХП) и курдската Демократска партија на народите (ХДП).

„Речиси половина од гласачите на Партијата на националистичкото движење (МХП), која ги поддржа реформите во Парламентот, исто така планираат да гласаат „против“ на референдумот на 16 април“, нагласи Агардар, додавајќи дека една четвртина од останатите избирачи сѐ уште не одлучиле како ќе гласаат.

Агенцијата за истражување на мислењето на јавноста, „Гезиџи“, чии прогнози традиционално се покажуваат точни, во јануари предвиде дека околу 58% од избирачите ќе се изјаснат „против“ уставните измени.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×