Eрик Рис: Новата генерација на фирми ќе бидат предводени од иновации
Објавено на од во Start-up

Ris 2 958 WEBEрик Рис - основач на Lean Startup методологијата и светски експерт за стартапи

Според Рис, кој важи за еден од најголемите експерт за стартапи, сите би требале сериозно да ја разберат идејата дека новата генерација на фирми ќе биде предводена од иновации. “Тоа ќе бидат фирми кои размислуваат долгорочно за иднината, подготвена е да инвестира за иднината и не се потпира премногу на старата слава. Фирма која е снаодлива и брза во своите потфати и не е бирократска, што во крајна линија им овозможува на сите нејзини вработени можност за претприемничко размислување и работа”.

 

Во интервјуто со Филип Штипанчиќ од Леан Стартап Хрватска, Ерик Рис, лидерот за методологија на Lean Startup, зборува за децентрализацијата, образованието, болките на дигиталната ера, и најважното – за иднината на развојот на стартапите.

Ерик Рис на многумина им е најпознат како основач на Lean Startup (Лин стартап) методологијата, но исто така тој е главен извршен директор на виртуелната социјална мрежа IMVU, инвеститор и едукатор, блогер и автор на една од најпродаваните книги според Њујорк тајмс, од која и започна се во врска со lean startup методологијата.

Книгата Тhe Lean Startup, која беше преведена на повеќе од 30 јазици, беше почетен манифест на денес најпознатата методологија за развој на бизниси и производи.

Lean Startup се базира на научен пристап за развој на работењето и на производите во кој главна улога имаат експериментите, односно тестирањето на хипотезите. За тоа како дојде до развој на оваа методологија и ја започна својата кариера како експерт за стартапи, Рис зборува во интервјуто со Филип Штипанчиќ од Lean Startup Хрватска.

Според Рис, постојат неколку клучни тематики во врска со Lean Starup методологијата, односно области во кои може да се примени lean пристапот.

Меѓу другото, Рис го коментираше процесот на децентрализација и импликациите на децентрализираните системи и другите производи кои ги носи новата вмрежена ера. Тој, исто така, се осврнува на тоа како секојдневно се носи со претрупаноста со информации и на крај сподели неколку совети за подобра претприемачка инспирација.

Како најпознатиот стартап експерт почнал со претприемништво?

Ris 3 WEB 958

“Не е целта само што повеќе поединци да се научат како да бидат што е можно поуспешни во развивањето на нивните идеи, туку станува збор за промена на начинот на размислување што треба да продира во секој дел од нашето општество, ако сакаме да изградиме одржлива, долгорочна, но и уште поефективна деловна култура”, смета Рис.

Освен што со своите 39 години е иновативен бизнис експерт, Ерик Рис е првенствено претприемач, кој својот бизнис пат го почна токму во време на големи промени, на почетокот на новиот век кога се откриваат можностите кои ќе ги донесе новата дигитална ера.

“Бидејќи видов дека целиот свет се сврти кон ова, за првпат тогаш ми дојде мојот претприемачки дух. Отпрвин не бев пример за добар бизнисмен и ми требаше многу време тоа да го сфатам”, смета Рис..

Рис бил се уште на факултет кога се појавил таканаречениот dot-com балон: познат како период во 2000-тите години кој остана запаметен како пресвртница за зголемената употреба и користење на Интернетот за разни комерцијални цели. Тој истакнува дека неговиот прв стартап проектот на факултетот пропаднал кога се распрсна и dot-com меурот.

“Не знаев што не знам. Мислев дека да се биде претприемач значи нешто слично на она што го гледаме во филмовите. Дека е важно само да вложиме многу напор, со пријателите да развиваме добри идеи и технологија и сè ќе биде добро. За жал, потребно е малку повеќе од тоа”, вели Рис.

Иако одговорите се обидел да ги најде во мотивирачкото окружување на Силиконската долина, ни таму не добил конкретни совети.

“Всушност, сфатив дека многу конвенционални стартаповци во бизнис заедницата исто така не знаеја што прават. Тие имаа само малку повеќе пари на располагање”.

Во тие моменти, Рис го учеше она што тој го предочи неколку години подоцна во неговата прва книга, која се обидуваше на сите што се прашуваа “како сега”, да им покаже што значи да се има одржлива идеја.

Иако Рис истакнува дека смета дека најтешката работа во врска со претприемништвото е фактот дека треба да се осмисли идеја која ќе биде важна за некои вложување, истакнува дека визијата е сè уште основен услов за било што во претприемништвото.

За многу стартапи, тоа не е толку проблем што тие се лоши идеи, во некои објективни услови. Проблемот е што тие немаат начин да влијаат на нешто со таа идеја. Важно е да се размислува за тоа не на патот: “што може да тргне наопаку”, но што може да биде добро за сè – дали оваа идеја има способност да направи значајна промена?

Иднината на стартапите и општеството

За Рис постојат две развојни опции за следните пет до десет години. На пример, тој се повикува на својата нова книга, The Startup Way, во која тој укажува на постоење на визија за новиот вид на модерни бизниси – оние кои ги водат иновативноста и желбата да се искористи креативниот потенцијал на сите нејзини вработени.

Мислам дека сите би требале сериозно да ја разберат идејата дека новата генерација на фирми ќе биде предводена од иновации. Тоа ќе бидат фирми кои размислуваат долгорочно за иднината, подготвена е да инвестира за иднината и не се потпира премногу на старата слава. Фирма која е снаодлива и брза во своите потфати и не е бирократска, што во крајна линија им овозможува на сите нејзини вработени можност за претприемничко размислување и работа.
Постои уште еден начин на кој треба да се погледне на развојот на стартапите во иднина, а се однесува воопшто на општеството.Тука, Рис истакнува дека посебно внимание треба да се посвети на макро нивото на светскиот пазар на капитал и на претприемачкиот систем.

На ист начин како и за новата генерација на модерни компании, треба да размислуваме и за развојот на екосистемот. Потребна е промена – начинот на кои се креираат нови бизниси, претприемачки иницијативи, но и законодавството што тоа го олеснува или отежнува.

Тоа е и една од причините зошто Рис својата нова книга ја нарече “Стартап начин”.

“Не е целта само што повеќе поединци да се научат како да бидат што е можно поуспешни во развивањето на нивните идеи, туку станува збор за промена на начинот на размислување што треба да продира во секој дел од нашето општество, ако сакаме да изградиме одржлива, долгорочна, но и уште поефективна деловна култура”, смета Рис.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×