Ериксон именуваше нов генерален директор
Објавено на од во hi-tech & business

Eриксон денеска објави дека Надзорниот одбор на компанијата го именувал Борје Екхолм за нов претседател и генерален директор, кој ќе остане и член на Надзорниот одбор.

Претседателот на Одборот, Леиф Јохансон, по поводот изјави дека „Екхолм добро ја разбира технологијата и деловните ефекти од конвергенцијата на телекомуникациите, информациските технологии и медиумите, што е во тек“.

Самиот Екхолм рече дека со сѐ поголемото значење што го добиваат мрежите и апликациите во вмрежениот свет на 5Г технологијата, „нашите купувачи и индустријата бараат постојано иновирање“, и оти се радува што со тимот на Ериксон ќе учествува во обликувањето на иднината на индустријата.

Борје Екхолм е член и на надзорниот одбор на Алибаба, а по образование е магистер по електротехника и по бизнис админстрација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×