Erste Investors’ Breakfast Скопје 2014: Вишокот на ликвидност допрва ќе донесе пониски приноси
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ваквата состојба покрај тоа што ќе значи потешко доаѓање до хартии од вредност со висок принос ќе значи и шанса за оние компании кои имаат добри проекти и добри идеи токму во овој период да инвестираат и да се задолжат

„Бизнисмените треба да очекуваат уште поголем вишок на ликвидност на пазарите и се потешко наоѓање на хартии од вредност со висок принос, што значи дека инвеститорите ќе треба да прифатат пониски приноси за вложените средства“. Ова е главната порака и заклучок од овогодинешниот Erste Investors’ Breakfast во организација на секторот за продажба во Југоисточна Европа од Ерсте Групацијата и Шпаркасе Банка Македонија, кој минатата недела по втор пат традиционално се одржа во Скопје.

Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Македонија смета дека на овој начин Ерсте групацијата се става на услуга на македонските инвеститори и компании во двете насоки, било да имаат вишок на долгорочни средства кои сакаат да ги инвестираат, било да им е потребна кредитната поддршка.

„Вишокот на ликвидност на пазарите покрај тоа што ќе значи потешко доаѓање со хартии од вредност со висок принос ќе значи и шанса за оние компании кои имаат добри проекти и добри идеи токму во овој период да инвестираат и да се задолжат“, смета Бишев.

На настанот претставниците од групацијата Ерсте презентираа потенцијални инвеститориски можности кои ги нуди нивната банка.

„Во оваа ситуација на екстра ликвидност тешко прашање за инвеститорите е каде да се вложат вишокот на пари. Затоа ние им нудиме конкретни решенија. Обврзниците на италијанската банка Уни Кредит Лупе се такво решение. Станува збор за најголемата банка во Италија и една од најголемите во Југоисточна Европа која сигурно според новите рангирања, ќе биде банка која ЕЦБ нема да ја пушти така лесно да западне во проблеми. Дополнително ги нудиме и нашите обврзници, како и цела низа на останати интересни инвестициски можности“, вели Антон Буриќ, заменик директор на Секторот за институционална продажба на Ерсте Групацијата во Југоисточна Европа.

Конкретно за состојбите во Македонија панелистите на настанот истакнаа дека земјава по сите параметри се наоѓа во подобра макроекономска позиција од останатите земји во регионот, но дека остануваат активни низа проблеми како големата невработеност, за чие решавање сигурно би било добро што поскоро да се преземат одредени реформи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×