Connect with us

коментари

ESG – Новиот престолонаследник во корпоративното управување

Со АмЧам на тема…

објавено

на

ESG е акроним од англиските зборови Environmental, Social и Governance, а се однесува на активностите на компаниите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето. Всушност, ESG е одговор на сè посилните барања кон компаниите да ги земаат предвид и факторите што влијаат врз животната средина и општественото опкружување при донесување на корпоративни одлуки, како и на притисокот за зголемена транспарентност при известување во врска со овие активности.


Автор на текстот е АмЧам Комитетот за ESG

Концептот на корпоративна општествена одговорност одлично ја одигра својата улога во поставувањето на нови, повисоки стандарди во корпоративното управување. Многу општества ширум светот имаат бенефит од неговите идеи, принципи и вредности.

Меѓутоа, ниту овој концепт не остана имун на потребата и неопходноста на современото време за континуирано подобрување и усовршување што резултираше со креирање на нов и унапреден концепт во корпоративното управување – ESG концептот. Истиот, во голема мера е резултат и на сè поголемите предизвици поврзани со климатските промени, потребата од јакнење на капацитетите за отпорност на општествата преку вложувања во човечкиот капитал, како и на сè позначајната улога на корпоративна култура врз развојот на опкружувањето.

ESG е акроним од англиските зборови Environmental, Social и Governance, а се однесува на активностите на компаниите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето. Всушност, ESG е одговор на сè посилните барања кон компаниите да ги земаат предвид и факторите што влијаат врз животната средина и општественото опкружување при донесување на корпоративни одлуки, како и на притисокот за зголемена транспарентност при известување во врска со овие активности.

Дистинкција помеѓу ESG и концептот на општествена одговорност

Иако е вистински предизвик да се направи јасна дистинкција помеѓу ESG концептот и концептот на општествена одговорност, правењето паралела помеѓу овие два концепти е најдобриот пристап за претставување на ESG концептот, пред да се објасни значењето на секој од трите фундаменти врз кои се базира овој концепт.

Воспоставувањето на практики и политики од страна на компаниите коишто имаат за цел позитивно да влијаат врз животната средина и, генерално, опкружувањето, е основното јадро на двата концепти. Меѓутоа, иако јадрото е идентично, овие два концепти се различни.

Целта на концептот на општествена одговорност е да осигури дека активностите на компаниите имаат позитивно влијание врз опкружувањето, односно компаниите имаат зголемена свесност и одговорност за влијанието на нивните одлуки.

ESG концептот ја презема таа цел и се надоврзува на начин што дефинира конкретни критериуми и мерливи индикатори што го мерат влијанието на овие активности на компаниите. И двата концепти се однесуваат на реализација на активности што значат општествена одговорност, меѓутоа, ако кај концептот за општествена одговорност, спроведувањето на тие активности е крајната цел, кај ESG концептот, крајната цел е континуирано подобрување на резултатите од тие активности.

Дополнително, ако концептот на општествена одговорност дава простор секоја компанија да може да се самодекларира како општествено одговорна, независно од активностите коишто се преземаат или степенот на нивното влијание, ESG концептот обезбедува конкретни квантитативни податоци базирани на унифицирани индикатори коишто овозможуваат, не само мерење на влијанието на активностите и докажување на својот напредок, туку и можност за компаративно согледување помеѓу компаниите од најразлични индустрии.

Врз основа на направената паралела помеѓу овие два концепти, може да заклучиме дека ESG концептот значи и воспоставување на систем за мерење на резултатите на компаниите во делот на активностите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето, како фундаменти коишто, согласно овој концепт, ја дефинираат агендата на компаниите за одржлив развој и општествена одговорност.

Креирање нови деловни можности за компаниите

За секој од трите фундаменти, дефинирани се цели, критериуми и индикатори што треба да се следат, мерат и анализираат со цел остварување на определбите за позитивно влијание врз опкружувањето.

Активностите поврзани со животната средина (Environmental) се однесуваат, но не се ограничени, на справувањето со климатските промени, заштита на животната средина и природните ресурси. Индикаторите за влијанието на овие активности вклучуваат, на пример, мерење на емисиите на стакленички гасови, или потрошувачката на електрична енергија и вода.

Општествените прашања (Social), во суштина, се однесуваат на социјалните односи, односно како компанијата влијае врз, и управува со, односите со своите вработени, клиенти, добавувачи, како и, генерално, на опкружувањето во коешто делува. Индикаторите коишто се мерат во овој сегмент може да бидат, на пример, стапка на обрт на вработени, број на часови на обуки за вработените, итн.

Активностите поврзани со управувањето (Governance) се однесуваат на начинот на управувањето со компанијата, односно на структурата на органите на управување, финансиската транспарентност, итн.

Имајќи го предвид широкиот спектар на мерење на резултати, веројатно првиот впечаток е дека инвестирањето во ESG претставува значителен трошок за компаниите на краток рок. Меѓутоа, имањето и спроведувањето на долгорочна стратегија за ESG е во позитивна корелација со финансиската профитабилност.

Има повеќе аспекти коишто делуваат во таа насока. Еден од тие аспекти е креирање на нови деловни можности за компаниите, што е главно резултат на новите генерации кои стануваат сè позначаен дел од базите на потрошувачи, но и на инвеститори. Овие генерации ја имаат таа тенденција да ги поддржуваат компаниите кои ги споделуваат нивните вредности, и се подготвени да платат повеќе за одржливите производи од тие компании. Исто така, друг аспект е тоа што ESG стратегијата може да придонесе кон унапредување на оперативното работење на компаниите како резултат на зголемена продуктивност на вработените и намалени трошоци на производство преку зголемување на ефикасноста.

Индивидуален пристап за секоја компанија

Сепак, важно е да се потенцира и дека развивањето на стратегија за ESG бара индивидуален пристап за секоја компанија, што го прави самиот процес дополнителен предизвик. Имено, развивањето и спроведувањето на стратегија за ESG е долгорочен и континуиран процес во кој се земаат предвид и надворешните фактори кои влијаат на бизнисот, како што се социјалниот, економскиот и политичкиот контекст, како и индустријата и дизајнот и структурата на целиот синџир на снабдување/вредности. Меѓутоа, развојот на стратегија за ESG истовремено е и интроспективен процес, односно им помага на компаниите да ги подобрат своите активности, како и да ги пронајдат и да се поттикнат вистинските вредности на организацијата.

Оттука, ESG концептот станува сè попопуларен и затоа многу компании, често доброволно, го интегрираат известувањето за ESG во годишните извештаи за да покажат како аспектот на одржливост е вграден во нивниот бизнис модел. Иако, во изминатиот период сè почесто се воведуваат и регулативни барања за компаниите во врска со корпоративното известување за податоците од ESG, што е само уште еден показател за идната улога и важност на ESG концептот.

Kолку e влијателна корпоративната култура фокусирана на континуирано подобрување, како од интерен аспект, така и од аспект на опкружувањето околу неа, покажува ранливоста на системите и општеството во однос на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваме изминатиот период. Поради тоа, премисата дека „најдоброто време за делување е денес” станува вистина, а имплементацијата на ESG концептот во корпоративното управување е вистинскиот чекор во таа насока.

Препознавајќи го значењето на ESG концептот, во рамки на Американската стопанска комора во Северна Македонија започна со работа Комитет за ESG. Целта на Комитетот е зголемување на свеста за ESG концептот преку споделување на најдобри искуства и практики, и едукација на компаниите за развој и подготовка на ESG стратегии и извештаи. Дополнително, овој Комитет служи и како платформа за проактивно алармирање за сите регулативни барања за компаниите што се воведуваат во однос на активностите поврзани со ESG концептот, вклучувајќи го и правото на Европската Унија.

македонија22 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако