Естонија ќе воведе бесплатен јавен превоз во сите градови
Објавено на од во Економија
Talin bus

Талин, главниот град на Естонија, е еден од ретките европски градови кои можaт да се пофалат со петгодишен бесплатен јавен превоз за сите граѓани, пишува порталот „Попап“.

За бесплатниот јавен превоз граѓаните на Талин одлучија на референдум што се одржа пред пет години, а Алан Алакула, шеф на канцеларијата на ЕУ во Талин, вели дека за сите долгорочни планови граѓаните треба да имаат право на глас.

По пет години бесплатен јавен превоз, Алакула вели дека Талин нема загуби.

„Несомнено е дека не само што ги покриваме трошоците, туку благодарение на оваа одлука имаме и вишок. Заработивме двапати повеќе отколку што загубивме со воведувањето на бесплатен превоз. Среќни сме што многу луѓе одлучија да се регистрираат како жители на Талин за да ги искористат предностите на бесплатниот јавен превоз“, вели Алакула.

Тој додава дека при планирањето на бесплатниот јавен превоз најмногу се размислувало за граѓаните со послаб имотен статус.

„Најпрво сметавме дека оваа мерка најмногу ќе ја користат граѓаните со ниски и средни приходи. Сепак, таа се користи и од луѓе со повисоки примања бидејќи јавниот превоз и за нив овозможува поголема мобилност низ градот. Според нашите истражувања, тие често одат во ресторани, кина, театри. На овој начин индиректно се поттикнуваат и трговијата и угостителството, така што корист имаат и локалните бизниси. Градот е жив, а тоа може да се почувствува и по остварените приходи“, објаснува шефот на канцеларијата на ЕУ во Талин.

Алакула вели дека главниот град на Естонија пред воведувањето  бесплатен јавен превоз бил преполн со автомобили, а сега воздухот е многу почист. Со воведувањето  бесплатен превоз, цените на паркирањето се зголемиле, но официјалниот претставник вели дека никој не се жали на тоа бидејќи има бесплатна алтернатива.

Примерот на главниот град се очекува да го следат и останатите. Владата планира да воведе бесплатен јавен превоз во сите градови во Естонија оваа година, со што земјата ќе стане првата во светски рамки која вовела ваква мерка.

(Макфакс)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×