ЕЦБ ги намали каматите и пушта уште пари за да ја заживее економијата
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска дополнително ги намали каматните стапки и го зголеми обемот на пари кои секој месец ги вбризгува во економијата со цел да го поттикне економскиот раст во еврозоната.

Dragi

Марио Драги, претседател на Европската централна банка

Со денешниот сеопфатен пакет мерки на монетарни одлуки, обезбедуваме значителна монетарна поддршка за да одговориме на зголемените ризици за одржување на целите на ЕЦБ, изјави Марио Драги, претседател на Европската централна банка.

Очекувано, каматната стапка на депозитите се намали за 10 процентни поени од -0,3 на -0,4%. Тоа значи дека банките сега за парите кои ги чуваат кај ЕЦБ ќе мораат да издвојуваат и да и плаќаат за чувањето повеќе пари.

Каматата, пак, на основните операции за рефинансирање од досегашните 0,05% се намалува на 0%.

Овие намалувања на каматите кои влегуваат на сила од 16 март се дел од пакетот мерки за поттикнување на економскиот раст во еврозоната.

Покрај намалувањето на каматите, ЕЦБ одлучи и да го зголеми обемот на откуп на хартии од вредност од 60 милијарди на 80 милијарди евра месечно. Во откупот на хартии од вредност ќе бидат вклучени покрај државните и короративните обврзници деноминирани во евра кои имаат инвестициски рејтинг.

Со оваа мерка ЕЦБ наместо досегашните 60 милијарди евра во економијата  секој месец  ќе пушта по 80 милијарди евра,  со цел да ја поттикне економската активност која во услови на рекордна ниска инфлација се повеќе забавува.
Европските берзи позитивно реагираа на овие мерки, па така прометот на Франкфуртската берза се зголеми за 2,3%, а на Паришката берза за 3%.

Само неколку минути по одлуката на ЕЦБ да ја намали референтната стапка и да го зголеми обемот на квантитативно олеснување, евротоослабе за 1,2%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×