ЕЦБ ќе побара oд Дојче Банк капитални гаранции поради спојувањето со Комерцбанк
Објавено на од во Економија
Побарувачката за средства може да го комплицира процесот на спојување помеѓу двете банки.
db i kbЕвропската централна банка (ЕЦБ) ќе побара од Дојче банк да креира нови фондови пред да даде зелено светло за спојувањето со Комерцбанк, објави Ројтерс, цитирајќи го нејзиниот извор.
Барања
Службеното лице од ЕЦБ соопшти дека од Доојче Банк ќе биде побарано да создаде капитален тампон, чиј износ се уште не е пресметан за да може да се справи со потенцијалните ризични ситуации. Побарувачката за средства може да го комплицира спојувањето помеѓу двете банки, што може да создаде трета најголема банка во Европа. Дојче и Комерцбанк сè уште се обидуваат да закрепнат по финансиската криза.
Владини претставници, предводени од министерот за финансии Олаф Шолц, инсистираа за спојување, за да создадат национален банкарски шампион и да стават крај на прашањата за иднината на доверителите.
Додека Дојче Банк тврди дека ќе биде потребен “нула” капитал, регулаторите, кои се загрижени од слабите резултати, се повеќе загрижени. Во петокот портпаролот на банката објави дека нема причина да се верува дека ЕЦБ ќе побара од неа да привлече нови средства.
Големината на потребниот капитал сеуште е нејасен поради фактот дека има многу детали по спојувањето, кои треба да бидат договорени, но се очекува сумата да достигне милијарди евра. За спојувањето може да се потребни до 10 милијарди евра свеж капитал поради трошоците за реструктуирање и фактот дека поради спојувањето можат да бидат предизвикани загуби од инвестиции.
Договорот ќе го направи Берлин акционер во комбинираната група. Германија моментно има 15% од акциите во Комерцбанк по нејзиното спасување за време на финансиската криза.
Ризици
На 17 март, банките објавија дека се разговара за спојување, а во рок од неколку дена потоа се очекува прелиминарна одлука дали ќе продолжи спојувањето. Дојче банк беше притиснат за договорот во четвртокот, откако италијанската Уникредит беше прогласена за потенцијален алтернативен кандидат за Комерцбанк. Извори на Ројтерс веруваат дека ако спојувањето на двете најголеми германски банки не успее, италијанскиот кредитор може да проба да се слее со Комерцбанк.
Потенцијалното спојување на двете банки се соочува со силен отпор од синдикатите кои се плашат од намалување на работните места, како и од некои големи инвеститори. Законодавците, исто така, го предупредуваат министерот за финансии на Германија дека ќе го блокираат секој обид за инвестирање на јавните средства по евентуалното обединување помеѓу Дојче и Комерцбанк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×