ЕЦБ не одобрува отпис на долгот на Грција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Европската централна банка не може да учествува во какво било отпишување на долгот на грција, изјави денеска членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Беноа Кур.

„ЕЦБ не треба да одлучи дали и е потребен отпис на долгот на Грција, но апсолутно јасно е дека не можеме да се откажеме од побарувањата од грчките обврзници во сопственост на ЕЦБ. Тоа е невозможно од правни причини“, изјави Кур во интервју за германски Handelsblat.

Во текот на должничката криза, ЕЦБ откупи голем дел од грчките хартии од вредност и некои од нив се уште ги има во своето портфолио. Аналитичарите коментираат дека отпишувањето на долгот би било еднакво на монетарно финансирање односно печатење пари поради спасување на една држава од долгови, што според статутот на ЕЦБ е строго забрането.

Меѓутоа, грчкиот народ на вчерашните парламентарни избори и даде шанса на левичарската партија Сириза која јавно вети дека ќе преговара за отпис на голем дел од државниот долг и запирање на строгите мерки на штедење што посебно ја загрижи таканаречената „тројка“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×