ЕЦБ со нови мерки за спас на еврозоната: Ќе вбризга илјада милијарди евра за да ја заживее економијата
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Европската централна банка денеска одлучи да отпочне со програмата наречена квантитативно олеснување, која подразбира  масовно купување на државни обврзници со цел да се обезбеди поголема сума на пари во економијата.

Марио Драги, првиот човек на Европската централна банка објави дека почнувајќи од март ЕЦБ ќе откупува 50 милијарди евра државни обврзници секој месец до септември 2016 година, со што се очекува во економијата на еврозоната да бидат вбризгани околу 1 илјада милијарди евра нови пари.
Иако претходно постоеше несогласување околу овој потег, квантитативното олеснување се објаснува како неопходен и последен чекор кон поттикнување на економијата во еврозоната која минатата година ја заврши со дефлација.
За да ја зголеми инфлацијата, ЕЦБ сега ќе ја зголеми количината на пари во оптек,  што ќе значи повеќе и поевтини кредити за компаниите и домаќинствата во земјите од еврозоната. Очекувањата се дека овој потег ќе успее да ја заживее економијата во еврозоната која сега не покажува такви сигнали.

Инвеститорите очекуваат дека последниот потег на ЕЦБ ќе влијае вредноста на еврото да продолжи да се намалува во однос на другите валути, како на пример доларот, фунтата, јуанот…Но, тоа и не е толку страшно, бидејќи поевтинувањето на валутата ќе го поевтини европскиот извоз во светот и ќе го направи поконкурентен.

“Програмата за вбризгување ликвидност на ЕЦБ би требало да ја дестимулира дефлацијата и да го стимулира растот со тоа што ќе ги поттикне инвеститорите да вложуваат во проекти и финансиска актива со поголем очекуван принос, коишто проекти и актива истовремено се и поризични.  Дали тоа  навистина ќе се случи зависи од многу фактори, вклучувајќи го и финансискиот обем на програмата. Во секој случај, сите релевантни одлучувачи се согласни дека посебната програма за вбризгување ликвидност на ЕЦБ не треба ги засени напорите на државите од eврозоната за спроведување на структурни реформи, главно во фискалната политика и конкурентноста, но и во други области”, смета гувернерот Димитар Богов.

Во очекување на оваа одлука курсот евро долар достигна 1,15 евра за еден долар, што е најниска вредност на еврото во однос на доларот во изминатите 11 години. Сите прогнози се дека и покрај одлуката на ЕЦБ да вбризга во економиите на еврозоната околу 1 илјада милијарди евра, еврото ќе продолжи и понатаму да паѓа во однос на доларот, франакот и другите валути.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×