ЕУ-амбасадорот во Турција поднесе оставка после само една година на функцијата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Шефот на мисијата на Европската унија во Турција, Хансјорг Хабер, поднесе оставка и ќе се повлече од функцијата на 1 август, потврди денеска на прес-конференција во Брисел потрпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич.

Претходно денеска, претставник на Делегацијата на ЕУ во Турција изјави дека Хабер поднел оставка, без да ги посочи причините.

„Потврдувам дека амбасадорот Хабер, кој се наоѓа на чело на ЕУ-Делегацијата во Анкара, поднесе оставка и заминува на 1 август. Во моментов ги правиме потребните чекори за да именуваме нов шеф на Делегацијата во Турција. Тоа е сѐ што можам да кажам во моментов“, изјави Коцијанчич.

Хабер претходно ја критикуваше земјата каде што амбасадорува, за примената на договорот со ЕУ за контрола на бегалската криза, поради што беше повикан во турското Министерство за надворешни работи.

Тој на функцијата во Анкара беше само една година.

Коцијанчич на прес-конференцијата не сакаше да коментира дали причина за оставката е резултат на бурата незадоволство што следуваше во Турција откако Хабер неодамна изјави дека „Турците треба да работат како Германци“.

Таа потврди дека амбасадорот неодамна добил демарш во турското МНР.

Денеска премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, изјави дека Турција никогаш нема да го промени својот антитерористички закон, дури и ако тоа значи пропаѓање на договорот со ЕУ со цел укинување на визите за граѓаните на Турција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×