ЕУ бара Луксембург да наплати 295 милиони долари од Amazon, a ја тужи Ирска поради Apple
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската унија денеска на Луксембург му наложи да наплати 295 милиони долари заостанат данок од американската компанија Amazon, и поднесе тужба против Ирска поради Apple, што е најнов потег против американските технолошки компании обвинети за избегнување данок.

Европската комесарка за конкуренција, Маргрет Вестагер, наведе во соопштение на ЕК дека Amazon од 2003 година неправедно остварил профит поради посебни даночни олеснувања во Луксембург, каде се наоѓа европското седиште на компанијата.

Скоро три години од отворањето на истрагата за фискалната пракса на Amazon, ЕК побара компанијата да им врати 250 милиони евра на властите во Луксембург, кои, како што смета Комисијата, ѝ овозможиле „скриени субвенции“.

„Поради илегалните фискални поволности што Луксембург ги овозможил за Amazon, скоро три четвртини од приходите на Amazon се неоданочени. Со други зборови, на Amazon му било дозволено да плати четири пари помал данок од другите локални компании за кои важат истите национални фискални прописи“, се вели во соопштението.

Вестагер рече дека Ирска е тужена зашто не земала 13 милијарди евра на име данок од компанијата Apple, како што Европската комисија нареди пред повеќе од една година.

„Над една година од усвојување на одлуката, Ирска го нема земено тој износ; дури ниту дел од него. Затоа денеска одлучивме да ја тужиме Ирска пред Судот на правдата на ЕУ, поради неспроведување на нашата одлука“, изјави Вестагер.

На крајот на август 2016 година, ЕК го обвини Apple дека профитирал од неоправдани фискални погодности во Ирска, каде се наоѓа седиштето на компанијата за Европа, и тука таа ја регистрира целата добивка реализирана во Европа, во Африка, на Блискиот исток и во Индија.

ЕУ активно работи да ги затвори дупките во законите за американските мултинационални интернет компании, и разгледува можности за усогласување на даночните прописи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×