ЕУ и Турција ќе разговараат за визната либерализација
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Технички тимови на Турција и на Европската унија денеска ќе почнат разговори за визната либерализација, соопшти новиот турски министер за ЕУ, Омер Челик.

Според неговите зборови, тоа е составен дел од пошироката спогодба за сузбивање на илегалната миграција.

Челик во Брисел изјави дека реадмисијата, преселувањето на мигрантите и визната либерализација за турските граѓани, се дел од пакетот и не може да се третираат одвоено.

Вчера, пак, Ројтерс пренесе, повикувајќи се на извори од ЕУ, дека укинувањето на визите за Турција, за Косово, за Украина и за Грузија ќе биде забавено и покрај препораката на Европската комисија да се либерализира визниот режим со овие земји.

По напредокот во овој процес поттикнат од договорот меѓу ЕУ и Турција за намалување на приливот на мигранти во Европа, работите запнаа на одбивањето на Анкара да го промени својот закон против тероризмот, што дава преширока, погодна за злоупотреби дефиниција за тоа кој сѐ може да биде гонет како терорист.

Ова влијаеше, пишува Ројтерс, да се искомплицира ситуацијата и за другите три земји, така што сега очекувањата се дека визна либерализација за нив ќе нема пред есента оваа година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×