ЕУ има 79 милијарди евра за иновативни проекти, македонските фирми не ги користат
Објавено на од во Компании

Од Стопанската комора денес  уште еднаш ги повикаа македонските мали и средни компании да аплицираат за европските фондови од програмата Horizon 2020. Предноста е што фирмите може да аплицираат сами, а не да бараат европски партнерства или конзорциуми како за другите европски фондови.

 

Малите и средни компании од Македонија не ги користат парите од европската програма Horizon 2020 наменети за развој и комерцијализација на иновативни производи. Досега едвај десетина компании од земјава побарале помош од локалните координатори на мрежата Enterprise European Network,  а кои што пружаат бесплатна помош околу постапката за аплицирање за европските пари, но не се знае колку од нив и аплицирале.

“Сакаме да упатиме уште еднаш повик до македонските мали и средни компании кои што развиваат иновативни производи да се обидат преку програмата Horizon 2020 да добијат средства за кофинансирање на нивните проекти. Вкупниот фонд на програмата е 79 милијарди евра, првиот циклус заврши лани , а вториот трае од годинава до 2020 година. Програмата финансира иновативни технологии, истражување и развој од страна на универзитети, истражувачки центри, инкубатори и компании.  Голем дел од вкупните средства се наменети за инструментот – поддршка на мали и средни компании . Предноста на оваа програма, во однос на досега познатите европски фондови за поддршка на иновативни проекти, е што компаниите во случајов може да аплицираат сами, а не да мора да бараат партнерства или конзорциуми со фирми од ЕУ“, рече Софче Јовановска, советник на УО на Стопанската комора на Македонија, каде што денес беше претставена уште еднаш програмата Horizon 2020.

Таа ги објасни накратко и условите што треба компаниите да ги исполнат за да аплицираат за оваа програма.

“Според европските стандарди за мали и средни компании, тие треба да имаат помалку од 250 вработени, годишниот обрт да не е поголем од 50 милиони евра, и што е најважно проектот мора да е иновативен и новиот производ да може да се позиционира на европскиот пазар. Пари кои се доделуваат се во износ од 500.000 евра до 2,5 милиони евра, за период од 12 месеци. Компанијата треба да обезбеди 30% од вредноста на проектот. “, објасни Јовановска.

Аплицирањето се врши во две фази, во првата фаза потребна е апликација од само 10 страни, при што се подготвува физибилити студија и бизнис план и за тоа се добиваат до 50.000 евра. Доколку фирмата веќе има подготвено вакви документи, може директно да аплицира во Фаза , при што продуктот треба да се доведе до ниво да е спремен  да се појави на пазар, односно да е доведен до т.н. Ниво на технолошка спремност 6 (TRL 6). За сите детали околу програмата Horizon 2020 и начинот на аплицирање компаниите може да се обратат во Стопанската комора на Македонија (www.mchamber.org.mk ), Сојузот на стопански комори (www.sojuzkomori.org.mk) ЕЕН-М проектот (www.een.mk ), како и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (www.mir.org.mk ), кои се локалните координатори за оваа програма во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×