EУ изгласа ново правило: Незаконски стекнатите пари треба да се вратат на националните економии, а не да им се остават на криминалците
Објавено на од во Политика

Следењето на текот на незаконски стекнатите пари и нивна заплена можеби е поважен процес од самиот прогон на криминалците. Имено, денес помалку од еден отсто од парите стекнати од криминални дејствија се враќаат назад во националните економии, стои во најновиот предлог текст доставен до Европскиот парламент во однос на борба со организираниот криминал и корупција, пренесува Index.hr.

Парламентот на ЕУ затоа изгласа нови правила со чија помош ќе биде полесно да се замрзне и заплени илегалниот имот на ниво на ЕУ.

Нацрт законот бара од државите членки да овозможат одземање на криминално стекнатиот имот по правосилната пресуда. Тоа исто така им овозможува на властите да запленуваат имот, дури и ако осомничените или оптужените се болни или избегале, на пример по пат на „постапка во отсутност“.

Новите правила ќе им овозможат на државите членки да го одземаат имотот стекнат преку слични злочини, како во случаите со активна и пасивна корупција во приватниот сектор, активна и пасивна корупција во која учествуваат претставници на институциите на Европската унија или државите членки на ЕУ, нивно учество во криминално здружување, детска порнографија и сајбер криминал.

Одземањето на имотот ќе биде можно во случај на стекнување на имотна корист, кога третата страна знаела за нејзиното незаконско стекнување или во недостаток на такво сознание, разумна личност кога во таква ситуација би се посомневала дека неговото потекло е незаконско, на основа на конкретни факти и околности.

Со цел ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал и тежок облик на криминал, а во согласност со стекнатото искуство, државите членки би требало во своите казнено – поправни институции да воведат казнено дело на основа на која би се казнувало и прогонувало однесување чија цел е привидно пренесување на сопственоста и расположливоста на имотот на трето лице со цел да се избегнат мерките за заплена и одземање.

monica-macoveiЕвропскиот парламент по овој повод објави и интервју за еврокомесарката Моника Луис Маковеи. Еве што во интервјуто вели таа за овој предлог закон:

Кои се главните предности на предлогот? Ќе можат ли националните буџети да почувствуваат разлика?

Националните буџети ќе имаат корист оти незаконски стекнатите пари ќе бидат вратени назад во буџетот. Ако не го направиме ова, парите повторно ќе бидат вложени во организиран криминал, веројатно испран и засекогаш изгубен за буџетските благајни. Според тоа, корист ќе имаат и националниот буџет и европскиот. Едноставно – луѓето ќе станат побогати, а не посиромашни.

Колку е важно да се координираат мерките помеѓу државите членки и која е улогата на Парламентот?

Некој може да има незаконски имот во друга држава членка на унијата, па тие држави ќе мора да соработуваат ако сакаме истиот да го заплениме. Државите веќе можат да запленат имот после пресуда и тоа ќе мора да го зајакнеме. Меѓутоа, многу е важно да воведеме можност на заплена која не е последица на пресуда, нешто што денес постои само во некои членки.

Ако имотот е резултат на криминални активности, државите ќе можат тоа да го докажат без да бараат таа личност да се смести позади решетки. Значи, не е потребна казнена пресуда, туку се бара судот да пресуди за стекнатите пари, што е многу поважно од затварање на криминалците кои ги задржуваат сите нелегално стекнати пари.

Ако заплената биде без казнена пресуда, некои се грижат дека се работи за начело спротивно од човековите права.

Предложениот текст е во согласност со членот 6 од Европската конвенција за човекови права, која гарантира фер судење и вклучување на останатите мерки. Секогаш судот и судијата ќе одлучуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×