ЕУ изрази сериозна загриженост за политичката состојба во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Советот на Европската унија  изразува сериозна загриженост поради влошувањето на политичката состојба во Македонија, особено во областите на владеењето на правото, основите човекови права и слободата на медиумите, што претставувуаат основни демократски вредности во срцето на ЕУ и политиката на проширувањето. Ова се денешните заклучоци на оваа европската институција.

Советот исто така го поздравува посредувањето на европратениците во разговорите помеѓу власта и опозицијата и ги повикува сите страни да покажат воздржаност и да се фокусираат на изнаоѓање на решение за моменталната политичка состојба што е можно поскоро.

 „Во интерес на граѓаните, демократијата, владеењето на правото и политичката стабилност, Советот ги повикува политичките лидери брзо да ги решат овие прашања“, се вели во соопштението на институцијата.

Советот, пишува во соопштението, ги повикува сите страни да продолжат со своите обврски и веднаш да преземат мерки кон изнаоѓање на одржливо решение, конструктивно да се впуштат во враќање на политичкиот дијалог и да ја вратат довербата во институциите преку соодветни политчки чекори.

„Сите обвинувањата треба да бидат истражени од соодветните органи, вклучувајќи ги и оние обвинувања за можните злоупотреби кои беа изнесени во јавноста, со целосно почитување на процесот, принципот на независност и пресумпцијата на невиност“, се вели во заклучоците на Советот.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×