ЕУ ќе ги затвори границите за бегалците на 1 март?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската унија на 1 март ќе ги затвори границите за бегалците од воените зони на Блискиот исток, пишува српски „Данас“, повикувајќи се на избори во Брисел, блиски до Европската комисија. Затворањето на границите ќе се спроведувало постепено, најпрово за бегалците од Ирак, потоа од Авганистан, и на крајот и од Сирија.

„Показните вежби на процесот за потполно затворање на границите веќе се одвиваат меѓу Словенија и Хрватска, како и меѓу Србија и Македонија“, истакнуваат соговорниците на „Данас“.

Според нивните зборови, тоа значи дека наголемо почнало строгото профилирање на бегалците.

„Дали се од воени зони; дали членови на нивните семејства се веќе на територијата на Европската унија; се проверува дијалектот; строго се контролираат документите … Овие мерки веќе е спроведуваат“, велат изворите, според кои на надлежните ЕУ-институции не им се јасни плановите на земјите од Западниот Балкан.

„Нејасна е објавата на Србија дека подготвила шест илјади места за бегалци. Не е јасно дали државниот врв на Србија го разбрал системот за заштита и помош на бегалците, бидејќи премиерот Александар Вучиќ зборува дека Србија ќе се придружи на системот на квоти. Според системот на ЕУ, тоа практично значи директен прием на бегалци од Сирија, од Турција, или од некоја друга држава. Меѓутоа, Србија уште не се изјаснила како и од каде ќе презема бегалци“.

Изворите на „Данас“ истакнуваат дека за Србија и за Македонија подготвеноста за прием на бегалци подразбира луѓе кои евентуално „заглавиле“ на транзитната рута кон државите членки на ЕУ, што „не е поентата и не претставува учествување во системот на квоти“.

„Квотата е потполно различен концепт. Останатите држави примаат бегалци директно и имаат јасно дефинирани квоти“, пишува „Данас“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×