ЕУ: Македонија и Косово да одржат состанок на највисоко ниво
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По упадот во караулата во Гошинце

Поради сериозноста на состојбата, властите на Македонија и на Косово, треба да одржат состанок на највисоко ниво, на кој треба да се договорат двете земји тесно да соработуваат во борбата со илегалните поминувања преку граница. Ова го порача официјален Брисел по упадот во караулата во Гошинце кој се случи во вторникот.

Од Брисел го осудуваат нападот во македонската караула на северната граница и бараат сите политички субјекти да се однесуваат одговорно и да ја смират состојбата.

„Ние сме загрижени за насилниот инцидент во полициската станица во Гошинце во Општината Липково. Од суштинско значење е тоа да се решава на одговорен начин. Очекуваме властите и политичките партии да вложат максимални напори за да се избегне какво било зголемување на политичките или меѓуетничките тенции“, вели Анка Падурари од прес- службата на комесарот за добрососедство и преговори, Јоханес Хан.

Ваквата реакција доаѓа откако во вторникот од МВР соопштија дека 40 лица, најверојатно од Косово, влегле во караулата и ги нападнале четворицата полициски службеници. Лицата, според МВР, биле облечени во униформи на УЧК и порачале „пренесете дека ни Ахмети ни Груевски може да ве спаси. Не сакаме охридски договори, никој не смее да дојде. Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава. Повеќе никој не смее да дојде нагоре“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×