ЕУ најави реципрочни мерки за САД
Објавено на од во Економија
Европска комисија денеска најави дека планира да воведе реципрочни мерки како одговор на царините на САД, што се воведени поради субвенционирање на Ербас.
sadeu„Жалиме поради одлуката на САД да воведат царини. Таквиот чекор не ни остава поинаква можност освен да воведеме сопствени царини во случај на Боинг, каде САД ги кршат правилата на Светската трговска организација“, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром.
Таа предупреди дека царините „не се во долгорочен интерес на никого“.
„Бидејќи е утврдено кршење на правилата на СТО од двете страни, предлогот на ЕУ е „за јасно дефинирани постоечки субвенции за авиоиндустријата и идната поддршка за тој важен сектор и понатаму е на маса“, посочи Малмстром.
Официјален Вашингтон претходно соопшти дека стапија во сила царините за европските артикли во вредност од 7,5 милијарди американски долари. САД најавија воведување на царини на 2 октомври откако СТО пресуди дека ЕУ нелегално ја субвенционирала компанијата Ербас.
Царините стапија во сила една минута по полноќ и покрај за авионите на Ербас, се однесуваат за француските вина и шкотското виски.
Американската администрација пред четири дена доби зелено светло од СТО за воведување царини како одговор на субвенциите што ЕУ му ги даде на Ербас.
САД се веќе во трговска војна со Кина, што претставува голем ризик за стабилноста на глобалната економија.
Трамп во средата повторно ги нападна европските земји и ги обвини за нефер постапување и „огромни бариери“ против увоз од САД. Сепак, тој не ја отфрли можноста за постигнување договор и со тоа да се стави крај на спорот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×