ЕУ нема визија за сопствената иднина!?

Клучното прашање денес е како во новиот контекст на постојани безбедносни, воени, и економски кризи, ке изгледа автономниот пат на ЕУ во свет каде што унијата е силно посветена на примената на меѓународното право!? Но, повеќе не може да се потпира на него, па затоа треба да го најде својот нов пат и да ја намали својата зависност од САД, не преку правото, туку со нова политика и сосема нови доктрини и силно дефинирани цели. Дали времето помина засекогаш кога 450 милиони Европејци, мораа да молат за 350 милиони Американци да ги спасуваат од 190 милиони Руси ...!? Многу прашања се поставуваат за иднината на Европа, и ЕУ, особено по засилените навестувања за изборни победи на крајните десни партии во повеќе европски земји!? Што ќе биде иднината со мигрантите (Шпанија е најновата тема). ЕУ е на силен удар на мигрантите од сите делови на светот, Германија никогаш по Втората светска војна немала послаба економија, и таа самата сега ги бара своите нови патишта за развој, но пред работите да не тргнат низ брдо. Што со Шенгенот и структуралната кохезија на ЕУ? Каква е судбината на натамошното интегрирање на ЕУ со други членки особено сега откако е воведено и придружното членство со првиот случај - Канада!? Начинот на носење одлуки на ЕУ ...!? Премногу фундаментални прашања во кратко време се поставени пред лидерите на ЕУ, кои еден по еден заминуваат, и како што сега стојат работите многумина од нив ќе бидат заменети со порадикални. Неколкумина клучни лидери сигурно. На крај на денот, легитимно е прашањето што би си го поставил и еден прилично географски оддалечен главен уредник на медиум од канцеларија во Македонија, држава која, барем засега, е прилично далеку од членство во ЕУ, а тоа е: Што навистина сака Урсула фон дер Лајен, и целата Европска Унија!? Дали ова не е е состојба на слабо, и понижено лидерство на Унијата, придружено со криза на лидерството во клучните европски држави!? Како ЕУ ке се извлече од оваа состојба? Кој управува со ЕУ?

Кој пат ќе го фати ЕУ по говорот на Урсула фон дер Лајен?

Се чини европските граѓани се донесени до зид, а иднината на ЕУ, барем оваа каква што сега ја знаеме, никогаш не била понеизвесна. Од друга страна, каква е економската перспектива на ЕУ ако дефицитот во извозот со Кина, во овој момент, додека се пишува овој текст е повеќе од една милијарда евра – секој ден?

И уште нешто во воведот на овој текст важно и за Западен Балкан. Ако Урсула фон дер Лајен, како што рече во говорот пред неколку дена – За состојбата на Унијата, беше ужасната од сликите од погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, тогаш дали таа сака да каже дека европскиот пат на Србија се замрзнува? Што по изборите во Босна и Херцеговина кои ке се одржат за две недели? Која е реалната преспектива на Црна Гора во светлината на новиот тип договори за членство во ЕУ? Која е перспективата на Албанија? Украина и Молдавија кои реално по сегашните критериуми не се подготвени за членство, а на брза лента станаа кандидати? И конечно каде е Македонија, на овој пат поплочен со добри намери од устите на европските званици, но на теренот е се повеќе состојба на „испреплетени црева„ без јасна назнака да се отплетат во скора иднина. Напротив.

Говорот на Урсула фон дер Лајен

Според повеке аналитичари што ги следевме деновиве коментирајки го говорот на Лајен, практично станува збор за говор, кој во други земји обично се нарекува говор за „состојбата на нацијата„, но овде таа и да сакаше да зборува за нацијата не успеја, затоа што нејзиниот мандат е да зборува за состојбата на Европската Унија!? За повекемина аналитичари, тоа беше повеќе менаџерски отколку лидерски говор.

Во овој тежок политички момент, и во Европската Унија и глобално, се бараше говор со некаква визија за развојот на Европската Унија. За волја на вистината имаше некои елементи, можеби, некои пораки, но немаше целосна визија. На пример, колку се всушност неинформирани сегашните лидери на Европската Унија, покажува фактот дека тие ја смислија идејата за основање Европски форум – група интелектуалци кои треба да расправаат за нејзината иднина, но не кажаа како тоа ке се прави!? Тоа е всушност голема празнина во овој говор.

Оттука, заклучокот засега е, дали е Европската Унија таа, кога велиме ЕУ, мора да разликуваме што мислиме. Дали е тоа еден политички ентитет кој има своја политичка волја, или 27 членки кои имаат своја сопствена политичка волја – секоја поединечно, и се обидуваат да постигнат договор, а тоа трае долго време и многу често не успеваат да се согласат за сериозни и клучни прашања.

Суверенизмот и национализмот засилуваат!

Добрите познавачи забележуваат дека единствен пат, во поновата историја кога во ЕУ се согласиле за важни прашања беше за време на голема ковид криза во 2020. Единствено тогаш!

Еден важен политичар од Брисел, кој инсистирал да остане анонимен, деновиве изјави: „Ако се сеќавате на короната, за прв пат се задолживме заедно, и тогаш заедно го федерализиравме долгот. Тоа би било незамисливо ако министрите за финансии не се согласеја, и ако главните лидери не дадеја зелено светло. Но, тие денес со право велат дека овој план и акција доведоа до оваа инфлаторна спирала што ја имаме денес насекаде – и во границите на ЕУ, но и надвор од границите со кои европските држави имаат значителни трговски релации, како што се, на пример, земјите од Западен Балкан. Марио Драги печатеше огромни суми од милијарди евра, недела по недела. И денес кога се се искомплицира во светот особено и по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа, поентата повеќе не е инфлацијата. Денес, главната поента е дали можеме да се согласиме за заедничкиот долг што ќе го отплаќаме, да го отплаќаме заедно. Значи, она што сакам да го кажам е дека начинот на кој донесуваме одлуки во Европската Унија е едно од фундаменталните прашања што мора да се решат пред да продолжиме со овој проект наречен ЕУ. Ако воопшто постои волја да се продолжи напред„, вели тој, повторно инсистирајки, разбирливо според она што го кажа, да остане анонимен.

Инаку, во моментов постојат неколку клучни опасности по иднината на ЕУ, во смислата на нејзиниот правец на натамошно градење.

Секако еден од нив, како што можеме да проследиме, е што во многу земји – членки победуваат партиите кои го нагласуваат суверенитетот, и северенизмот како политика, на сопствените држави – многу повеќе одколку заедничките интереси во ЕУ. Често пати и со не до крај јасни политички платформи. Некои од нив како АФД во Германија (подржани од американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и техно могулот Елон Маск) и со крајно контроверзни начела, кои оправдувањата за лошата состојба во германската економија и општество ја бараат во напливот на мигрантите. Како да се тие од вчера тема, и како да мигрантите не се еден од главните столбови на развојот на германската економија по Втората светска војна до денес.

Но, темите и таму, како и тука, таквите политички партии ги сервираат пред тамошните просечни гласачи, се влечат повеќе или помалку таму каде што има консензус, каде што си требаат едни на други. ЕУ се движи во правец на враќање неколку чекори назад во времето на ЕЕЗ (Европската економската заедница) како што се викаше ЕУ до 1990 година. А тоа се темите за заедничкиот пазар. И само за тоа.

Но, таквите политички програми на тие крајно десни и контроверзни политички групации сеуште не кажуваат одговор на прашањето – дали во овие глобални безбедносни, економски околности, како и притисокот на недостаток на енергија и се поголемото влијание на вештачката интелегенција, ЕУ може да преживее и да се брани поединечно или тоа мора да го прави како силен блок. Ако е изборот блок, тогаш мора да се создаде и одбранбена структура. Всушност, зад завесите тоа е големата тема!!??

Но, за тоа да се оствари ЕУ мора да мине низ длабинска реформа. Такво нешто најнапред бара силна визија и силни лидери (какви што сега нема) за да тоа се создаде и изгради. Договор за да видиме каде навистина сакаме да одиме.

Сепак, изборите во сите земји-членки или за Европскиот парламент се некаков показател за тоа што сакаат Европејците, и тоа ќе биде пресудно за наредната деценија на ЕУ.

Како што забележавме, во последно време, изборите во земјите членки на ЕУ сè повеќе ги зајакнуваат суверенистичките сили (националните сили). Тие всушност полека ја распаѓаат Европската Унија или ја сведуваат на некои од нејзините … основни функции, дефинирани многу одамна – заедничкиот пазар, економијата, трговијата. Некаков економски напредок.

Канада и односите на ЕУ со САД

Урсула фон дер Лајен, во свој говор од пред неколку дена, кажа неколку формулации кои се многу важни, и за членките на унијата, но и за сите нас, особено нас на Западниот Балкан. Таа рече дека мирот во Европа е загрозен. Правилно ја дефинираше руската агресија, или поточно руската агресорска војна против Украина. Војната сè уште беснее и им се заканува на европските земји и на членките и на оние надвор од ЕУ.

Можеби тука некаде лежи причината за маневарот направен со Канада. Таа стана придружна членка и на тој начин, без да ги спомене САД, Урсула фон дер Лајен всушност донекаде покажа „мускули„ пред Трамп, и даде неасока во кој правец би се движеле работите… Според аналитичарите, пак, „мускулатурата„ повеќе ја промовирал лидерот на канадската влада кој можеби малку повеке ги зајакна европските политичари со својот говор во Европскиот Парламент. Важно е за оваа анализа да се спомене и тоа дека, додека се пишуваат овие редови, а пред сесијата на Обединетите нации, канадаскиот премиер Карни и францускиот претседателот Макрон ќе се сретнат заедно на француска територија, на остров наречен Сан Пјер, кој се наоѓа по границата со Њуфаундленд. На француска територија што е оддалечена 25 км од канадскиот брег. Ова до одреден степен покажува дека можеби некои од европските политичари се обидуваат да сугерираат на европската самосвест, она што канадскиот премиер го прави за Канада.

А, ако е така, тогаш Арктикот станува доминантно европски, зборуваме и за ретки минерали, суровини. Канада е земја со бесконечна понуда на суровини.

Но, тоа би била пооптимистичка верзија. Песимистичката варијанта е што сепак мапата што самиот претседател Трамп ја „твитна„, каде се е интерес на САД, сугерира Исланд, Гренланд и Канада. Ова може да се покаже многу комплицирано за идните односи на ЕУ и САД и особено за односите на Канада со САД!!??

Можеби тука некаде лежи објаснувањето зошто САД се почесто се мешаат во изборите во европските држави. Што ќе се случи следната година по изборите во Франција? Изборите во Италија? Изборите во Шпанија? Ке тргне ли Европа по тие избори догодина некаде заедно, или по некаков пат заедно. Или ке се случи драма преку „егзити„!

Денес, Франција е единствената европска земја што има нуклеарно оружје. Велика Британија не е во Европската Унија, иако е блиску до неја. Ако Марин Ле Пен дојде на власт, прашањето е како ќе се развиваат односите, внатре во Унијата, и особено со САД.

Всушност, клучното прашање, е како во таков нов контекст, ке изгледа автономниот пат на ЕУ во свет каде што ЕУ е силно посветена на примената на меѓународното право. Но, повеќе не може да се потпира на него, па затоа треба да го најде својот пат и да ја намали својата зависност, не со право туку со нова политика.

На пример, кога ќе го погледнете ова прашање за придружно членство со Канада, на пример, сè уште е нејасно што тоа ќе опфати во моментов!? ЕУ веќе има договор со Канада за слободна трговија, кој, секако, се применува само привремено, бидејќи десет земји-членки сè уште не го ратификувале. Потоа, на пример, има соопштение од претседателката на комисијата за пакетот мерки, за кој таа рече дека ќе го објави за ситуации што се појавија, како што е оваа мигрантска криза во Сеута (Шпанија).

Договори за слободна трговија ЕУ склучи и со Индија, со Австралија, со Мексико, со Чиле, со Меркосур. Со други зборови, над 80 земји со кои сака некако не само да ги продлабочи трговските односи, туку и да обезбеди основни суровини.

На крај легитимно е прашањето што би си го поставил и еден прилично географски оддалечен главен уредник на медиум од канцеларија во Македонија, која барем засега е прилично далеку од членство во ЕУ!?

Што навистина сака Урсула фон дер Лајен и целата Европска Унија! Дали ова не е е состојба на слабо и понижено лидерство на унијата со криза на лидерството во клучните европски држави!?

Кој управува со ЕУ?


Што се случува во Шпанија?

Урсула фон дер Лајен се осврна и на Сеута (Шпанија) каде периодов има масовна миграција од африканскиот континент во правец на Шпанија. Лајен им се обрати директно на Шпанците со една реченица за границите – „Сеута е шпанска, Сеута е Европа, шпанските граници, ние сме со вас и така натаму – шпанските граници се европски„.

Ништо утешително, исто како на нас кога ке ни рече дека ние„ние сме дел од европското семејство и нашата иднина е во ЕУ„! Но, каква е вистинската состојба во Шпанија во моментов? 70-80 илјади мигранти во еден момент ја преминуваат таа граница. Информациите од таа држава кажуваат дека шпанската влада на 500 илјади мигранти, им нуди решение за преживување, односно документи за работни дозволи. Ова не е докажано дека е официјална политика на Владата во Мадрид! Тие дозволи ќе бидат претворени во државјанство за кратко време!? Барем на тоа се сомневаат добрите познавачи од теренот. Но, според нив, не се само 500 илјади. Бројката достигнувала на еден милион мигранти кои би добиле државјанства!?

Многу прашања се поставуваат и во Шпанија и во ЕУ! Зошто го прават тоа? Дали создаваат ново гласачко тело за политичка опција на владејачката левица? Се чини дека на овој начин шпанската левица се бори против Франко и „франковистите„, а некој следи и одобрува. Создаваат перспектива за нови конфликти во општеството. Создаваат проблеми и за Европа. Тие милион луге мигранти забрзано стануваат граѓани на Европската Унија. Всушност, тие можат да дојдат каде било и да работат. Дали се претежно Мароканци? Има и некои Јужноамериканци, но претежно Африканци.

Но, анализите сугерираат на заклучокот – АФД во Германија постигнува историски успеси, Марин Ле Пен станува посилна во Франција. Дали тој концепт на Ангела Меркел за мултикултурализам ќе доживее свој дефинитивен колапс?

Сепак, луѓето нема да престанат да доаѓаат во Европа. Можеби ќе дојдат на поорганизиран начин. На пример, тие не доаѓаат во Полска, затоа што некои земји не ги прифаќаат. Некои земји можеби имаат решение… А Полска има многу висок економски раст, нели? Тогаш кои се причините за напливот на од мигранти во неколку силни држави во ЕУ?

Шпанците сакаат да ја решат својата демографска криза. На пример, Италија има просек од 0,8 деца по семејство. 2,2 е потребно за минимална репродукција и тоа значи дека Италија наскоро не само што нема да може да остане во Г7 со овој тренд, туку ќе има сериозни проблеми. Ова нема да биде можно без увоз на работна сила.

Се е ова проблем кој треба да се решава внатре во Европската Унија, ако унијата сака светла иднина.

А колку различни луѓе Германија прифатила во последните 40 години. Тоа е незапирлив процес. Може да се каже дека денеска прифакањето на мигрантите е модур операнди за опстанокот на европската економија. Да има кој да работи во европските фабрики. Затоа миграцијата може да се контролира само до одреден степен.

Но, Италија го суспендираше Шенгенскиот договор (!?).

Оттука, ЕУ мора да се договори како да управува со легалната миграција. Тоа се луѓе што Европа секако сака да влезат во Европската Унија. Затоа што и треба работна сила. Поентата е во легалната миграција. Оние луѓе што ЕУ ги сака. Тогаш шрашањето е, не дали мигранти, туку како ќе управува нивниот број, нивниот статус. Денес во брисел треба да се прашаат:

Што ние всушност сакаме? Кого навистина сакаме во Европа?

Па, погледнете, постои куп слободни работни места во ЕУ што тамошните европјани не сакаат да ги работат!? Па тогаш што и кого сакате вие?


Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ